ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
МакедонијаОсмани:Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, нема претензииЗа вицепремиерот Османи несериозни се повиците на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на Законот за јазиците, од опозициската партија не го менуваат ставот.Несериозни се повиците на опозициската ВМРО ДПМНЕ за бојкот на Законот за употреба на јазиците смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Целта на Законот како што вели Османи е да ги интегрира албанците и да им ја олесни комуникацијата со државните органи. Во врска со сликата на социјалните мрежи на која тој и неговиот партиски лидер Али Ахмети се со вкрстени раце како симбол на двоглав орел, Османи вели дека не рефлектирала никакви националистички и големоалбански претензии. Опозициската ВМРО ДПМНЕ останува на повикот за бојкот на Законот за употреба на јазиците. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев одговарајќи на прашање дали со ваквиот став очекува албански гласови на претседателските избори рече дека се против неуставната процедура на носење на законот. Влада ги отфрли како неочни обвинувањата на најголемата опозициска партија тврдејќи дека ЗУЈ не предвидува дополнителни вработувања во општините во кои граѓаните на немнозинските заедници се помалку од 20 отсто. Централна агенција ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска или друга етничка заедница ќе има потреба од комуникација и ќе се обрати на друг јазик, покрај македонскиот, тогаш Централната агенција ќе им излезе пресрет на тие граѓани и ќе ја преведе комуникацијата за потребите на граѓаните коишто се обраќаат, велат од Влада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч. Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица. Еден автомобил целосно смачкан Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти. Извор: Индекс.хрТагови: Загреб несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСветскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте постигна огромен успех со најдобрата селекција и сега треба да биде награден за тоа.Де ла Фуенте е многу блиску до нов договор со Шпанската фудбалска федерација, според кој би требало да остане на чело на репрезентацијата до 2030 година, пренесува „Атлетик“. Преговорите траат веќе два месеца, а извори запознаени со ситуацијата тврдат дека двете страни сега влегле во завршната фаза. Де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година и многу брзо почна да ниже успеси. Првиот голем успех дојде уште во 2023 година, кога Шпанија ја освои Лигата на нации. Една година подоцна следеше Европското првенство во Германија. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2:1 во финалето и се искачи на европскиот трон, а ова лето, освојувањето на Светското првенство дојде како шлаг на тортата. Продолжувањето на соработката до 2030 година би имало и посебна симболика. Токму тогаш Шпанија ќе биде еден од домаќините на Светското првенство, заедно со Португалија и Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организираноСДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии. Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter