Предлог-законот за спречување коруција пред пратениците

Власта експресно сака нова Aнтикорупцсика комисија, која би била формирана до изборите. По 11 месеци, Предлог законот за спречување на корупцијата влезе во Собрание. Опозицијата негодива – вели дека власта на сила го носи Законот.

Проширените надлежности на Антикорупциска предложени со новиот закон ги скара власта и опозицијата уште пред стартот на собраниската расправа. Новите законски одредби предвидуваат антикорупционерите директно да го истражуваат финансирањето на партиите по своја или по иницијатива на граѓани, на што опозициската ВМРО ДПМНЕ се противи. Министерката за правда Рената Дескоска образложувајќи го законот пред пратеницитерече дека добил поизитвно мислење од ЕК.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ им 37 амандмани. Од партијата обвинуваат дека власта не сака квалитетен закон а решението со европско знамеце се протнува на сила. Власта оптимистично очекува до распишувањето на претседателските избори да биде познат составот на новата антикорупциска.

Во периодот од скоро една година во кој земјава е без антикорупциска комисија над три илјади анкетни листови на новоизбрани функционери останаа непроверени. Не се разгледани ниту стотина пријави за корупција и судир на интереси. Од претходниот состав од седум членови петмина си поднесоа оставка по скандалот со злоупотреба на финансиите.

Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ, сите граѓани да го одберат бројот 2

Денес се навршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, кој што ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците Народно Ослободителната Војна, да го одберат бројот два во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто.

Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки

Професор д-р Атанаско Тунески:  Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки кои тоа ќе го овозможат.

Денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која професор д-р Атанаско Тунески зборуваше за мерките во енергетиката што се предвидени во програмата на Движењето „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори.

Професор Туневски рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самојстојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.

„Најважните цели во делот за енергетиката од програмата “Проглас за достоинствена Македонија” се:

1. Изградба на 2 гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027, во државна сопственост,

2. Почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост, со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна 4 месеци по формирањето на новата Влада,

3. Избор на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна 2 години по формирањето на новата Влада,

4. Завршување на изградбата на гасоводите: Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција, со што со гасоводна мрежа ќе биде покриено околу 70% од населението во Македонија,

5. Зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30% во однос на 2023-та година,

6. Намалување на трошоците за производство на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25% во однос на 2023-та година“, рече професор Туневски.

Тој нагласи дека реализацијата на овие цели ќе овозможат енергетска независност на Македонија преку сериозно зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост.

Туневски додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија обезбедува максимум за Македонија преку максимум во енергетиката во Македонија.

Сектор за односи со јавност

Арсовска со делегација на Град Скопје оддадоа почит пред споменикот на Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска заедно со делегации на претставници од скопските јавни претпријатија, гости и дипломати, оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

Делегациите оддадоа почит на македонскиот великан кој остави траен печат во македонската историја, со својата пожртвуваност, несебична љубов кон татковината и жртвата за слободата на Македонија, која за сите е трајна инспирација за храброст, солидарност и истрајност во борбата за градење на подобра иднина за сите.

Вечна му слава!

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

притисни ентер