Во Охрид привршуваат подготовките за масовно одбележување на Богојавленскиот водосвет

Привршуваат последните подготовки во Охрид за одбележување на православниот празник Богојавление – Водици, со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното фрлање на Светиот крст.

Вршителот на должноста градоначалник на Охрид Константин Георгиески на денешната прес-конференција истакна дека и оваа година прославувањето на верскиот празник ќе биде организирано од општината заедно со Дебарско-кичевската епархија, во духот на христијанската традиција. Притоа тој изрази уверување дека и оваа година Охрид за Водици ќе биде исполнет со верници и туристи од земјата и странство, оттаму што години наназад манифестацијата е една од најмасовните во овој дел од православниот свет.

Љупчо Грданоски, претседател на Координативното тело за организација на манифестацијата, соопшти дека нуркачите од клубот „Амфора" веќе го исчистиле дното на езерото кај Градското пристаниште каде ќе се фрла Чесниот крст, пристапните улици кон центарот на градот се исчистени од снегот, а градот се украсува со верски знамиња.

За сите верници кои планираат да влезат во осветените езерски води на плоштадот ден пред и на самиот празник ќе бидат поставени пунктови на Црвениот крст со дежурни медицински екипи што ќе вршат прегледи за проверка на здравствената состојба на капачите со оглед на ниските температури.

Илија Ристески од Дебарско-кичевската епархија појасни дека од утре започнува пријавувањето на сите оние кои планираат да скокаат по Чесниот крст, во црквите Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Свети Ѓорѓија, Свети Никола во Долна Влашка маала и Свети Никола-Геракомија. Пријавените капачи ќе добијат маица, а најсреќниот кој ќе го извади крстот од езерото златно ланче со крст како подарок од Дебарско – кичевската епархија и икона подарок од Општина Охрид.

Самата прослава на празникот ќе почне со утринска богослужба во сите парохиски цркви, со централна Божествена литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, со која ќе чиноначалствува неговото високо правосвештенство – Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во 9:45 часот литии од сите цркви ќе се упатат кон Градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши положување на Чесниот животворен крст во осветените води на Охридското Езеро, рече Ристески.

Предвидено е во текот на самиот ден Богојавление и оваа година точно на пладне на Сараиште де се одржи и масовно крштевање во осветените езерски води.

Манифестацијата по повод Богојавленскиот водосвет во Охрид продолжува и на Денот на рибарите – 20 јануари, поточно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител што оваа година поради временските услови ќе се одржува на малиот плоштад кај поранешната Градска библиотека.. И за годинешното одбележување на таа уникатна манифестација – традиционалното капење на рибарите со што своевремено се означуваше крајот на забраната за риболов за време на зимскиот мрест, професори и ученици од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески" ќе приготват неколку тони рибна чорба во голем казан, за која се обезбедени 500 килограми риба.

Инаку, за безбедноста на капачите кои ќе скокаат по Светиот крст годинава ќе бидат ангажирани четири екипи спасители на вода распоредени долж брегот, две екипи спасители во чамци и четири нурачки тима. На располагање ќе бидат седум медицински екипи за прва помош и една екипа на Службата за итна медицинска помош .

Со оглед на релативно ниската температура на водата во Охридското Езеро кај пристаништето што изнесува 6,5 степени и очекуваната ниска температура на воздухот, апел за пратпазливост до оние кои ќе влегуваат во вода да се воздржат од намерата доколку чувствуваат слабост, додека за оние што ќе решат да се искапат да не се задржуваат во вода подолго од пет минути. Истовремено се предупредуваат верниците воопшто да не консумираат алкохол пред влегување во вода, како и претходно да обезбедат сува облека и обувки за откако ќе излезат од езерото.

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Toj важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи.“

„СДСМ од секогаш била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.

„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.

Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не' подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.

„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер