Карлеуша : Ова е последен пат да се огласам! Збогум!

Српската пејачка Јелена Карлеуша по порно скандалот настанат откако босанскиот фудбалер Огнен Врањеш објави наводно нејзини експлицитни фотографии , тврди дека таа не е на фотографиите.

Карлеуша за последен пат се огласи на социјалните мрежи по повод секс скандалот кој веќе два дена е во центарот на вниманието на балсканата јавност.

Српската пејачка во медиумите веќе неколку пати демантира дека со босанскиот фудбалер разменувала секси фотки и дека со него го изневерувала сопругот Душко Тошиќ.

Таа упорно  повторува и тврди дека порно фотографиите се измонтирани и дека таа воопшто  не е на фотките, сега изнесува и факти како потврда на ова свое тврдење.

„Имам голема лузна од трите царски реза на стомакот. Третата е од кога го оперирав туморот на матката. Голата жена која ја објавуваат медиумите нема лузни. Наводните пораки може и мојата ќерка да ги направи во апликација. Толку. Ова е последен пат да се огласам. Збогум!“ напишала Јелена Карлеуша на своите профили на Твитер и Фејсбук.

Претходно популарната пејачка во врска со секс скандалот  преку социјалните мрежи побарала помош и од српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Господине Вучиќ дали  може јавно да ве замолам да ми помогнете и да го запрете ова лудило во медиумите?Ако не поради мене, тогаш поради моите деца, маж, болна мајка... Ве молам. Се отиде предалеку.. , напишала Карлеуша на Твитер.

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

Во Посебното основно училиште „Климент Охридски" во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. 

Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

-Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да биде затворено, бидејќи досега се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. Ваква одлука донесовме за да не се прошири болеста во установата, каде има вкупно 80 лица заедно со персоналот, вели д-р Петкоска.

Додава дека првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април. Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Според д-р Петкоска состојбата ќе се следи и доколку нема нови случаи на заразна жолтица се очекува училиштето да продолжи да работи по велигденските и првомајските празници./MИА

Британец морал да избира меѓу синот и ќерката за да ги спаси од масакрот во Шри Ланка

Меѓу настраданите во Велигденскиот масакр во Шри Ланка  меѓу 321 загинати има десетици странски туристи.

Властите информираат дека бројот на загинати не е конечен ,зашто има и над 500 повредени , од кои голем број се во критична состојба. Во терористичките напади на цркви и луксузни хотели настрадаа и три од четирите деца на најбогатиот Данец , Андерс Холх Повлсен. Меѓу најстрашните трагедии го погоди и семејството на Британецот Метју Линси (60) , кој морал да направи ужасен избор. Требало да избере дали во итната помош прво ќе го биде однесен синот или ќерката, кои биле тешко повредени во нападот на хотелот Шангри-ла. Но , кога стигнале во болница, без оглед на изборот на таткото , и двете починале.

Метју во масакрот ги загубил 19 годишниот син Даниел Линдси и 15 годишната ќерка Амелија Линдзи. Нивниот цкршен татко раскажува како го носел синот по скалите од ресторанот , каде бил извршен масакрот. Ја оставил ќерката внатре мислејќи дека нејзините повреди се помалку сериозни од оние на Даниел.

И самиот Метју бил повреден со шрапнел ,а целиот пат до болницата се обидувал безуспешно да го реанимира синот. Уште во шок по смртта на синот , дознал дека на повредите им подлегнала и ќерката Амелија.

Тројцата членови на семејството Линдзи , инаку од Лондон , во моментот на бомбашкиот напад на хотелот биле во ресторанот , утрото на Велигден. По првата експлозија , во хотелот се стемнило и не можел да процени дали децата се добро.

Помислиле дека ќе има втора експлозија , истрчале од ресотранот , кога ги погодила втората бомба и тоа покрај лифтовите.

Мразот на Гренланд се топи толку бргу што се зголемува нивото на морињата

Климатските промени се случуваат толку бргу што се топат огромни леденици на Гренланд со толкава брзина , што е зголемено нивото на морето.

Ваквото драматично топење на големите леденици можње да предизвика проблеми во крајбрежните градови во целиот свет. Околу 40 -50 % од светската популација живее во градови ан бреговите на океаните , со што се доведени во опасност жителите на градовите како што се Њујорк, Лос Анџелес, Мајами, Токио и Мумбаи.

Научниците го пресметале односот на масата на покривачот од мраз на Гренланд со споредба на количеството мраз што се откинало во морето со акумулацијата на снегот во вбнатрешноста на земјата за последните 46 години. Откриле дека степенот на загуба на мразот од тогаш е зголемена за шест пати .многу побргу отколку што знаучниците претходно претпоставуваа. Само поради топењето на мразот на Гренланд , нивото на морето е зголемено за 13,7 милимиетри.

,,Со оглед на тоа дека ќе продолжи топењето на ледениците , можеме да предвидиме континуирано зголемување на степенот на губење на ледната маса и зголемување на нивоата на морињата , што секоја година ќе се зголемува се повеќе. “ изјави екологот Риднот од Универзитетот во Калифорнија.

Според истражувањата , на Гренланд има толку мраз , што кога целосно би се стопил , би ги зголемил нивоата на морињата и океаните за 7 метри.

притисни ентер