Карлеуша му испраќала експлицитни фотографии на босанскиот фудбалер, пејачката демантира (фото +18)

Со денови се шпекулира како низ социјалните мрежи циркулираат фотографии од разголената Јелена Карлеуша, која пејачката наводно му ги испраќала на колегата на својот сопруг Душко Тошиќ.

„Курир“ сега дојде во посед на овие фотографии, на која јасно може да се види и босанскиот репрезентативец Огњен Врањеш.

По големиот скандал кој се случил на Божиќ, сега се шпекулира дека пејачката и фудбалерот се разведуваат поради пораките, поради кои наводно Душко и го одземал телефонот на Јелена. Сепак, парот ги демантираше овие наводи.

„Курир“ ги објави ексклузивните фотографии од целосно разголената Карлеуша, која наводно му ги праќала на Огњен Врањеш.

Сепак, популарната ЈК се огласи на Инстаграм по повод овие експлицитни фотографии и ги демантираше овие наводи, наведувајќи дека станува збор за монтажа.

„На повеќето фотографии не сум јас и станува збор за фотомонтажа која секој оној кој е малку повешт со компјутери, може да ја направи. Некои од фотографиите се украдени од мојот телефон, доработени и пласирани за да ми се наштети мене и на моето семејство. Апелирам до медиумите и луѓето на социјалните мрежи да не учествуваат во ова. Нормално, според моите сознанија позади ова не стои еден човек, туку цела организација. Сите кои стојат зад ова правно ќе одговараат“ – напишала меѓу останатото Карлеуша.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер