Одбор на Претставничкиот дом ќе ја истражува поврзаноста на Трамп со Русија

Одборот за правосудство на Претставничкиот дом ќе ги истражува наводите во медиумите дека ФБИ води истрага за вмешаноста на американскиот претседател со Русија.

Весникот Њујорк Тајмс вчера објави дека во мај 2017 , веднаш по смената на Џејмс Коми од местото директор на ФБИ , почнала истрагата за вмешаноста на Русија во кампањата на Трамп , како и во неговото работење спротивно на државните интереси.

Белата Куќа го отфрли пшишувањето на весникот како апсурдно , додека Трамп на Твитер ги нападна Коми и ФБИ.

Затоа , пак демократот Џералд Недлер , кој претседава со одборот најави дека во наредниот период неговиот одбор ќе преземе чекори за подобрио да го разбере претседателот Трамп и неговиот однос кон ФБИ.

Инаку , за прв пат во историјата на САД , поради најдолгата делумна блокада на Владата, инспекторите на ФБИ се уште не зеле плата годинава.

Ковачевски: Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ

Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ, ќе нè изолираат и ќе нè скараат со сите.

Обраќајки се на присутните на вечерашниот митинг во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, посочи дека не смееме да ја повториме грешката од минатото и да ѝ дадеме преголема моќ на десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги дека сѐ уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење.

„Денес сите ја видовте изјавата на претседателот на ЕС, Шарл Мишел, кој јасно порача и ЕУ и земјите кандидати да бидат спремни до 2030 година за прием. Не ги слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО и мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за отпочнување на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да отпочнат преговорите со ЕУ. Ако тие дојдат до власт, 2030 година ќе ги гледате Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а нашето повторно со ВМРО ќе остане празно. Изборот е ваш, почитувани граѓани! Или ќе живееме во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата екипа или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина. “, изјави Ковачевски.

Ковачевски вели и дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власт, ќе стават рампа на патот кон Брисел и може да се збогуваме со Европската Унија.

„Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница“, вели Ковачевски и ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и само тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

„Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност“, порача Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните да гласаат за силен СДСМ во собранието и да не дозволат државата повторно да падне во изолација и да биде раскрчмена од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

„Нашата мисија е Македонија да продолжи цврсто да гази по патот кон Европа и чекор по чекор да изградиме подобра иднина за сите“, заклучува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски: СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност

„СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца“, порача вечерва претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, од Македонски Брод.

„СДСМ и Коалицијата за европска иднина на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина. Основната цел на нашата програма останува брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ, затоа што знаеме дека само на тој начин ќе обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, рече Ковачевски.

Ковачевски посочи дека гласањето на претстојните избори почнува од нула и повика граѓаните да се приклучат на прогресивните и демократските сили и да гласаат за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија и претседателот Стево Пендаровски. Во обраќањето Ковачевски додаде дека граѓаните бираат во каква држава ќе живеат и или ќе се вратиме назад во криминалното владеење на Груевски и тоталитаризмот или ќе заедно ќе изградиме слободна и европска иднина.

„Ние бевме меѓу граѓаните кога инфлацијата и енергетската криза беа сериозна закана за животниот стандард и стабилност во нашата држава. Бевме меѓу граѓаните за време на КОВИД кризата. И денес сме меѓу граѓаните. Добро ги знаеме вашите проблеми, вашите надежи и очекувања. Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки“, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски додаде дека во програмата се содржани конкретни чекори и политики за зголемување на платите и пензиите, мерки за поддршка на средношколците и студентите, економски пакети за земјоделци, како и реален и остварлив план за зајакнување на македонската економија.

„Најавуваме одлучна и конечна борба против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Од тоа не отстапуваме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

притисни ентер