Запленет пиштол од шестгодишно дете во градинка

Полицијата од американската држава Охајо заплени пиштол од шестгодишно дете во градинка.

Полицијата од градот Колумбус добила дојава дека детето носи нешто тешко во панталоните.

Не е познато дали пиштолот бил наполнет , но на полициските фотографии се гледаат и куршуми покрај запелнетиот пиштол.

Се истражува како детето дошло до оружјето. Директорот на градинката Тајри Полард изјави дека им напишал пријава на родителите дека детето ќе се соочи со соодветна казна, но не е познато каква.

Љубителите на БМВ ја добија најатрактивната лимузина (ВИДЕО)

Серијата 8 на БМВ доби нова верзија , а Мерцедес ЦЛС, Ауди А7 и Панамера се соочија со голема конкуренција.

Новата лимузина се вика Гран Купе од серијата 8 . Новито модел е до сега најатрактивен производ на баварската фабрика , која има дури и стаклен покрив, а по желба кај M850i xDrive ќе може да се вгради и карбонски.  

Гран Купе е подолг и поширок од својот претходник од серијата 6. Поголем е и багажникот за околу 20 литри. Моторот е 3.0 со шест цилиндри и 340 Кс , 500 Нм , со кој се стигнува дфо 100км/час за 4,9 секунди.

Дизел верзијата има 320 Кс и 680 Нм , а до 100 км/час стигнува за 5,1 секунди. Тука е и најлуксузната верзија со предзнак М , каде моторот има 530 Кс и 750 Нм , а му треба 3,9 секунди за да стигне до 100км/час.

Сите модели се лимитирани на 250 км/час. Врвен резултат за болид од пет метри и тежина од над 2 тони. Почетната цена за новиот купе на БМВ на германскиот пшазар се движи од 91 500 евра.

Тешко болен фудбалер решил за последен пат да ја израдува ќеркичката (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Глазгов Реинџерс , Фернандо Рикенс, направи роденденска забава за својата седумгодишна ќеркичка во болницата , каде е пред крај во борбата со тешката болест. 

Рикенс боледува од амиотрофична латерална склероза , но тешката болест не го спречи да и направи изненадување на ќеркичката. Снимката со изненадувањето на Инстаграм ја објави неговата сопруга Вероника.

Поради тешката болест Рикенс најави дека последен пат ќе се појави во јавност на 28 . јуни на хуманитарен настан. Тој во 2013 откри дека боледува од неизлечивата болест, која е дојдена во својата последна фаза.

Камењата од Месечината се непроценливо богатство

Камењата од Месечината се сиви и безлични , но за научниците тие се од непроценлива вредност.

Според Семјуел Лоренс од НАСА , овие камења се надрагоцените предмети на земјата. Примероци на камењата од Месечината , кои прво ги собрале космонаутите од Аполо 11 под раководство на Нил Армстронг пре речиси 50 години , го сменија поимнањето на луѓето за вселената. До сега во шесте мисии на Аполо од 1969 до 1972 се собрани и донесени на Земјата 382 килограми камења.

,,Месечината е каменот од розетата за нашиот Сончев систем.Тоа е темел на планетарната наука”, вели Лоренс.  

Научникот вели дека доказите за Месечината , Меркур, Марс, некои астероиди , директно се поврзани со резултартите добиени од мисијата Аполо.  

Со проучувањето на камењата научниците утврдиле како настанала Месечината , во исто време како Земјата пред 4,3 до 4,4 милијарди години.

Тогашниот американски претседател Ричард Никсон на секоја држава во светот , а тогаш имало 135 , и подарил по еден камен од Месечината.

Повеќето денеска се чуваат во музејот на НАСАво Хјустон.

притисни ентер