Објавени најнови фотографии од 360 степени од Месечината

Последниот период во вселенските истражувања се случуваат многу интересни настани , како слетувањето на лендерот InSight на Марс и сондата Chang'e-4  на таканаречената темна страна на Месечината.

Двете вселенски летала праќаат фотографии и видеа од чудните предели на Марс и на Месечината. Кинеската национална вселенска агенција денеска објави фотографии на 360 степени снимани на Месечината , односно на страната која никогаш не е завртена кон Земјата. Овие фотографии може да се гледаат така што даваат целосна слика на просторот од сите агли.

На фотографијата се гледа сивата површина на Месечината и дел на сондата на малиот ровер (Зајак од жад), заедно со траги на неговите тркала на површината.

Сондата на Месечината понесе мало растение , кое очекуваат да порасне и процвета на Месечината. Во сондата има и други растенија и животни , како памук , маслена репка , компир , овошна мушичка и квасец.

Најмоќниот и најбрзиот автомобил на Форд - Shelby GT500 (видео)

Форд во оваа првата половина на јануари на саемот за автомобили во Детроит го претстави најмоќниот и најбрзиот сериски автомобил Мустанг.

Како што изјавуваат од Форд, за погонот на овој автомобил употребен е 5.2 литарски V8 со компресор, а моторот произведува повеќе од 700 коњски сили.

Според фабричките податоци, Shelby GT500 е во состојба од место до 96 километри на час да забрза за само околу 3 секунди, додека 400 метри поминува за нешто помалку од 11 секунди.

Форд ја најави продажбата на овој монструозен Мустанг на почетокот на оваа есен.

Викендов целосно затемнување на месечината и феномен на ,, Супер Месечина“

Викендов ќе се случи многу редок феномен од една страна на целосно затемнување на Месечината а од друга, на Супер Месечина.

- Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.

Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од земјата ќе се набљудува овој феномен.

Феноменот ќе може да се види  во северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.

Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.

Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.

Актерката Бети Вајт го прослави 97. роденден играјќи покер

Комичарката Бети Вајт го прославии 97. роденден со торта и играјќи покер со пријателите.

Вајт, која е најпозната по  улогата Роуз Нуланд во серијата „Златни девојки“, снима и денес филмови и реклами.

Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолга телевизиска кариера во историјата.

Вајт на прашањето на што се должи нејзината долговечноста и виталноста одговори – „на вотка и хот дог“.

притисни ентер