Александрова: Се што е договорено веќе е во согласност со постојните уставни и законски решенија

Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги поддржат уставните измени и се надеваат дека е можно тие да биде изгласани уште вечерва.

Во преговорите со власта, како што соопшти вечерва на прес-конференција во Собранието, пратеничката Емилија Александрова, успеале да ги одбранат македонските национални интереси.

-Покрај веќе утврдените амандмани на Уставот кои произлегоа од договорот од Преспа денеска се постигна согласност со која само нормативно се допрезицира начинот на кој ќе биде впишано државјанството за другите етнички заедници во личните документи. При тоа нашето барање државјанството да остане македонско, да е заштити идентитетот е во целост испочитувано. Се што е договорено веќе е во согласност со постојните уставни и законски решенија, односно постоечкиот амандман 5 во Уставот на Република Македонија, рече таа.

Додаде дека вистинското место за заштита на националните интереси на РМ денеска се случила токму во Собранието.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер