Пред демонстрантите кои втор ден протестираат барајќи пратениците да не го дадат својот глас за уставните измени, Мицкоски го повтори ставот дека е за ЕУ и НАТО, но против менување на уставното име.
Обраќањето пред демонстрантите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи за да упати и критики за владеењето на сегашната власт.
За одлуката на Мицкоски да се приклучи на демонстрантите, денеска коментар даде и премиерот Заев. Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ едно кажувал пред меѓународната заедница, а сосема друго пред граѓаните. Го повика Мицкоски да биде одговорен и да не предизвикува инциденти.
Тонско: Зоран Заев – Премиер на РМ
Граѓаните кои денеска протестираа велат дека не отстапуваат од нивните барања, и дека ќе останат пред Собранието.