Мицкоски: Очекувам победа на партијата на претседателските избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува победа на партијата на претстојните претседателски избори.

-Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија.

Тој информира дека партијата штотуку го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтерсирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани. Конкурсот трае до 31 јануари и тогаш јавноста ќе знае кои се имињата кои се пријавиле на тој конкурс. Од пријавените кандидати на конвенцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе избере оној кој ќе понуди најдобра програма, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека претседател во РМ, се станува кога мнозинството граѓани во РМ ќе ја дадат довербата, на оној кандидат кој ќе освои најголем број од гласовите на сите етнички заедници во Македонија кои што ќе излезат да гласаат и тој ќе биде и претседател на РМ.

Посочи дека имаат редовна комуникација со претседателите на политичките партии од албанските етнички заедници и дека иако тие средби не се официјална, се одвиваат на различни нивоа, вклучувајќи и на претседателско ниво.

-Останувам на принципот дека во ова држава граѓаните терба да ги делиме на оние кои се лојални и не се лојани, а не според етнички принцип и етнички клуч. Тоа беше грешка во минатото, се злоупотребуваа етничките заедници. Тоа не треба да биде пракса во иднина. Во РМ треба да победи претседателски кандидат кој што ќе го освои мнозинството гласови на граѓаните на РМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи уште еднапш убеденост во победата на следните претседеталски избори.

Запрашан за Законот за корупција, Мицкоски истакна дека нивните забелешки се принципиелни и биле изложени на работната група во рамки на Собранието и изрази надеж дека СДСМ ќе се повлече од најавата за негово повторно ставање во собраниска процедура но со европско знаменце.

-Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник…Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици, рече Мицкоски подвлчекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот.

Младеновска: Комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач

И покрај опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат здравствените работници кои останаа без потпишани договори за работа доаѓале на работа и се пријавувале во системот за работа, изјави директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Од ДСЗИ рекоа дека ќе донесат решение за забранет пристап на клиниката на поранешните вработени. Доколку не се почитува и ова решение клиниката и двајцата директори ќе бидат казнети. Иако претходните мерки од страна на ДСЗИ не биле потпишани само од економската директорка Иљази.

„Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

И од ДСЗИ потврдија дека комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач, бидејќи таа не разбира Македонски јазик.

„Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик“

Денеска се одржал управен одбор на клиниката каде било речено поранешните вработени до 9 Мај да не доаѓаат во клиниката. Извори од клиниката канал 5 ќе има проемни на клиниката и дека поранешните вработени ќе бидат вработени, а најверојатно досегашниот директор Данил Петровски ќе биде разрешен како што најави и министерот Демири.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

притисни ентер