АСО:Поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возачот

Агенцијата за Супервизија на осигурувањето ја информира јавноста дека поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возочот, како и до сега.

Во врска со објавените текстови во дел од медиумите во кои се тврди дека зелениот картон ќе биде задолжителeн со регистрација на автомобили, Агенцијата за Супервизија на осигурување најостро ги демантира и ги оценува наводите како дезинформации, невистинити, а преземениот цитат од интервјуто за МИА даден од претседателот на совет на експерти Климе Попоски е изваден од контекст.

Со цел точно информирање на јавноста во интервјуто на претседателот на АСО, Климе Попоски даден за МИА, Попски посочи „Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло„ изјави Попоски во интервју за МИА.

Сакаме да ја информираме јавноста дека со оваа нова законска регулатива значи усогласување со европската директива за осигурување позната како Солвентност 2 и никако не е поврзана со прашањата за осигурување од автоодговорност и зелена карта.

Во истото интервју претседателот на АСО, Попоски изјави дека прашањето за зелената карта како дел од полисата за автоодговорност при регистрација на возила, како и прашањето за либерализација на цените ќе стапат во сила со влез на Македонија во Европска унија. При тоа, останува како можност Владата да донесе одлука овие две прашања да се имплементираат и пред влез во Европска Унија, во периодот на отпочнување на преговорите за пристапно членство.

Агенцијата за Супервизија на осигурувањето ја информира јавноста дека поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возачот, како и до сега.

Агенција за супервизија на осигурувањето

Австралиската полиција соопшти дека нападот во црквата во Сиднеј е терористички акт

Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт.

Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, меѓу кои е и напаѓачот се здобиле со полесни повреди.

Нападот се случи за време на проповед што се емитувала во живо на интернет.

Тоа е втор напад со нож во Сиднеј во изминатите денови. На 13 април со нож беа усмртени шест лица во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј. Напаѓачот беше застрелан од полицијата. Инцидентот не е означен како терористички акт.

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. 

Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ.

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

- Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет „Луѓето и здравјето пред сè“, во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, потребните количини од овој уникатен и премиум производ ќе им бидат донирани на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација, велат од компанијата.

Санкционирани 188 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 25 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер