Не се согласувавме со бугарската страна дека сите што живееле на територијата на Самуиловата држава биле Бугари тврди за Kанал 5 Драги Георгиев претседателот на експертската комисија која ги води преговорите за усогласување на историите на двете држави.
Но се согласивме околу фактот дека Цар Самуил својот легитимитет го црпи од Бугарската царска круна
„Околу третирањето на поданиците на таа држава, ние не можеме да се усогласиме дека сите биле Бугари кои влегувале во таа држава, бидејќи опфаќа голема територија и голем број на заедници и народи во тоа време кои не можат да бидат заведени под етничко име Бугари“,вели Георгиев.
Следниот состанок на комисиите во кои членуваат експерти од двете држави треба да биде на крајот на февруари. Георгиев е оптимист дека ќе се најде заеднички јазик и за Цар Самуил.Иако бугарскиот професор Иван Илчев тврдеше дека македонската страна била ,,тврда,, во преговорите и ги застапувале тезите на македонизмот и дека во Македонија цели поколенија се воспитувани со митови и легенди.
Комисиите досега се договорија дека и македонската и бугрската страна имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,оти тој е дел од заедничката историја , а во план е и заеднички да го празнуваме и денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 мај.
До сега се оджаа три состаноци на експертското тело кое беше формирано согласно Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји.