СДСМ: Мицкоски ги брани криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

Ништо ново, Мицкоски ги брани криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, деценискиот пустош во економијата и постојаното осиромашување на граѓаните, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО- ДПМНЕ.

Што споредува Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? За каков раст во времето на режимот зборува кога во последниот квартал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто!

За нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец, последните два квартали економијата расте со над 3 отсто.

Сите економски параметри сега се позитивни: економијата расте, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, платите растат во сите сектори, растат индустриското производство и извозот, се бележат рекордни износи на странски инвестиции.

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат. Наместо да ги брани погрешните, криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Мицкоски може да учи економија.

Во 2019 година ќе продолжи трендот на раст на платите и на вработувањето во приватниот сектор, поддржан со владините мерки, со што ќе се зголеми расположливиот доход на домаќинствата.

Намалувањето на невработеноста се очекува да продолжи до рекордно ниски 20% со помош на пакетот активни мерки за вработување –вреден 1.1 милијарда денари.

Интересот на граѓаните останува во фокусот на оваа демократска и граѓанска Влада со повисок буџет за рамномерен регионален развој од околу 512 милиони денари.

Во 2019 следува сериозно придвижување и во делот на капиталните инвестиции.

Во 2019 година граѓаните може да очекуваат раст на македонската економија, социјална сигурност, повеќе пари во секое семејство и забрзување на пристапувањето во НАТО и интеграцијата кон ЕУ.

Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја носи Македонија напред.

Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови.

Ве повикуваме, приклучете се да донесеме уште поголема победа во вториот круг.

Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер