СДСМ: Неспособниот Мицкоски нема визија ниту план, тој е дел од темното минато кое граѓаните го поразија

Неспособниот Мицкоски нема што да понуди пред граѓаните освен деструкција и протести за одбрана на криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, реагираат од СДСМ на обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нема визија за иднината на државата, нема ниту план, нема идеја за најважните прашања.

Граѓаните го гледаат сето тоа, ја гледаат разликата помеѓу неспособниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една и одговорната Влада предводена од СДСМ од друга страна.Од едната страна СДСМ има јасен план, државата е ставена на шини што водат до просперитет, а тоа е членство во НАТО и ЕУ,преку договорот од Преспа. Од другата страна се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со нивната безидејност, противење на западните вредности и отсуство на каква било идеја за тоа по кој пат треба да се движи Македонија.

Од едната страна светла иднина и јасна перспектива - од другата магла и темнина. Од една страна е антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои ги бранат криминалните политики на рекет и драконски казни што ги осиромашија граѓаните. Од друга страна СДСМ создава можности, ги намалува казните за 75%, обезбедува инвестиции и повеќе пари кај граѓаните.

Граѓаните ги поразија црните, деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина во ЕУ и НАТО.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер