Се уште се чека потписот од Иванов за Законот за амнестија, дел од експертите незадоволни од законското решение

Во исчекување претседателот Ѓорге Иванов да стави потпис на Законот за амнестија, дел од експертската јавност изрази незадоволство од решенијата што се нудат со него.

Доколку Иванов го потпише, законот ќе биде објавен во Службен весник, по што веднаш ќе стапи во сила и ќе се знае кои од учесниците во настаните од 27 април минатата година, доколку побараат, ќе можат да добијат амнестија.

Секој од осомничените, обвинетите или осудените ќе треба сам да побара амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок од исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Обинителката во случајот „27 април" Вилма Русковска, е незадоволна што е донесен Закон за амнестија, но, вели дека ќе го почитува.

–Како обвинител кој вложил многу труд, многу работа во предмет, но и како граѓанин на оваа држава не сум задоволна од Законот за амнестија, изјави Рускоска по завршување на вчерашното судско рочиште за случајот „ 27 април".

Според неа, преквалификација нема да има за обвинетите што не се опфатени со амнестијата, затоа што, како што додаде, амнестијата не важи за целото кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Русковска вели дека како ќе стигнуваат барањата за амнестија, така ќе се одлучува поединечно по истите, а одлуката ќе ја носи судот по претходно прибавено мислење на јавниот обвинител.

-Добро е што е така, затоа што е многу подобро отколку да формираа комисија во Собрание и тие да одредуваа за кого важи амнестијата, рече Рускоска.

Посочи дека, според нејзино мислење, Законот не е сосема точно, прецизно донесен, така што најави дека ќе има консултации со јавниот обвинител на Република Македонија и со колегите од ЈОРМ.

И професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први" Гордан Калајџиев смета дека Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април содржи чудни решенија кои ќе имаат правни последици и вели дека политиката и натаму се меша во правосудството.

-Не сум сретнал ваква амнестија во која особено е спорно тоа што се вклучуваат и судовите и обвинителство. Значи врз основа на Закон што го донело Собрание, по мислење на обвинител, со решение на суд, по барање на обвинетите е едно чудно решение кое по моја проценка ќе влече на некој начин опашки, правни последици. Така што мислам дека можеше да се избере поедноставно решение. Очигледно дека предноста ја имаа некои политички причини што повеќе или помалку и се познати на јавноста, вели Калајџиев, коментирајќи го Законот за амнестија во изјава за медиумите дадена по промоцијата на Коментарот на Законот за кривична постапка.

Според него, со Законот се потврдува праксата на мешање на политиката во судството, што е, како што вели, неприфатливо за една правна држава.

Калајџиев изразува надеж дека ќе дојде време кога ќе му се даде малку повеќе вредност на правото и на правната држава, во смисла политичарите да ги тргнат рацете од казненото правосудство и од судството во целина, но очигледно, како што посочува, приликите се уште се такви какви што се.

-Политичките елити едноставно уште го немаат достигнато тоа ниво на политичка култура да успеат да се воздржат и наспроти ветувањата кои што ни ги даваа, вели професорот и потсетува дека претходната власт паднала, меѓудругото, на тој бран на незадоволство од начинот на кој што се практикува владеењето на правото, односно владеење на една политичка автократија.

Борбата на невладиниот сектор и на сите експерти што се борат за правната држава со политичарите, според Калајџиев, очигледно ќе продолжи на подолг рок. – Борбата ќе продолжи додека и самото општество не созрее до степен на политичка и правна култура да не дозволуваат вакви излети каков што е овој последниот со амнестијата, кој да не речам, не е многу подобар од оној со амнестијата и помилувањето на Ѓорге Иванов, посочува професорот Калајџиев.

Андреј Божиновски правен советник во Здружението за кривично право смета дека донесениот Закон за амнестија има правни нелогичности, односно целиот закон е правно нелогичен, содржи конфузни одредби за улогата на судот и на обвинителството.

Македонското Собрание завчера по скратена постапка со 95 гласа „за", без против и воздржани го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања./МИА

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

притисни ентер