Мицкоски од Македонска Каменица: Имаме премиер кој бега од дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

Според партиското соопштение , Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните на Република Македонија. Тој најпрво истакна дека актуелното раководство на Владата на СДСМ наместо проекти и реформи кои им ги ветуваа на граѓаните, им донеле црнила, омраза и гнев.

Имаме премиер кој бега од дебата, а бега затоа што:

-Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1500 евра, и нема ништо од тоа.Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод. Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема. Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис.Домашното стопанство е во криза. Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, државата доживува колапс и фијаско од Зоран Заев, потенцирајќи дека во моментот Република Македонија ја води премиер кој што не знае ни што зборува, ниту пак што прави, односно како што рече тој Зоран Заев не може самиот себе да се организира а камоли да ги организира и води институциите.

Имаме реални проблеми во државата, затоа што имаме влада која практично не знае да управува со државата. Влада која што не знае себеси да се организира, а камоли пак да ги организира институциите во државата. Вие гледате премиер кој што на дневна основа излегува со изјави а потоа неговиот Центар за пропаганда и лаги преку министерот за пропаганда и лаги, два три пати го дообјаснува, не сакаше премиерот тоа да го каже, сакаше ова да го каже. Практично ние имаме еден тотален хаос кој што ни се случува во државата и тоа го кажав многу наврати во минатото и сега сакам да го повторам, практично ние ја губиме во моментот државата, изјави Мицкоски.

Тој го спомена и бегањето на Зоран Заев од јавно соочување пред граѓаните на Република Македонија, потенцирајќи дека Заев бега затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење.

Подготвен сум и за ова да излезам и да дебатирам и затоа го повикав пред некој ден бидејќи како опозиционер се силеше, викаше, се удираше во градите и викаше ајде ред е во една држава во еден плурален демократски амбиент да имаме дебата помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата, затоа и пред некој ден го повикав пред платото на Владата на Република Македонија на оној протестен марш, ајде реков почитуван премиер да излеземе јас и ти, очи во очи бирај ти место каде сакаш, бирај новинари, бирај теми на кои што сакаш да разговараме. Еве ќе разговараме заедно и за нашите вмро-вски работи кои што гледам овие новинари кои што го поддржуваат него и неговите политики многу сакаат да разговараат за нашите вмровски работи,

Мицкоски пред присутните објасни дека наместо владата на СДСМ да се фокусира на решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните за подобар и поквалитетен живот, тие се занимаваат со бегството на Груевски, додавајќи дека денеска во Република Македонија владее комплетно црнило и уништување на државата парче по парче.

Зошто пишал овој писмо, зошто овој му одговорил на овој со ваков совет, кој го плаќал возилото на Груевски во Будимпешта, а никој не гледа дека ние практично денеска имаме едно комплетно црнило и сето она кое што нас ни се случува во државата во било која сфера е само порази и уништувања парче по парче, заврши Мицкоски.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер