Драги сограѓани и сограѓанки, четврток ден за политички дуел на две антагонистички гледишта, вечерва жешкиот икс е резервиран за „пратенички“ римеч на власта и опозицијата, во „Само Вистина“ со Хари Локвенец и Влатко Ѓорчев.
Ќе се почне од коренот или само стеблото е важно за настаните од 27-ми април?
Кој режираше, кој сценираше, кој ги играше главните, а чии беа споредните улоги за „крвавиот четврток“?
Зошто опозицијата не учествува во телото за помирување?
Како да се помириме ние граѓаните, кога нашите „кројачи на судбини“ секојдневно се во војна?
Кои пратеници ќе бидат шлаг на уставниот финиш?
Кој го испрати екс-премиерот Груевски на долгиот пат?
До кога и зошто темата „Македонија“ одново и одново ќе се отвора кај нашиот источен и јужен сосед?
Локвенец е на став дека вината за инволвираните во „крвавиот“ четврток треба да се докаже во суд, амнестија „да“ како дел од процесот на помирување, но одмерена, нарачателите и извршителите да не се ставаат во ист кош.
Иако е малку про-американски настроен, еден од опозициските пратеници кои нема да ги поддржат уставните промени е пратеникот Ѓорчев, за него е оправдана целосна амнестија, без политички условувања и уцени.
Политичка амнестија или политичка трговија ќе ја спасува македонската економија?
Уште колку „нинџи“ и „сваровски“ политичари ќе бидат влијателен фактор во овој „политички“ театар?
Каде одиш Македонијо?!
Вечерва две места резервирани за две пратенички „сабји“ во единствената ваша и наша „Само Вистина“, погледнете го римечот на сезоната во највлијателната политичка емисија, Хари Локвенец и Влатко Ѓорчев, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.