СДСМ: Додека Струмица 11 години беше заборевена од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го интересираа само хидроцентралите

Лицемерна и лажна е грижата на антинародниот пион Христијан Мицкоски за тоа како живеат граѓаните на Струмица, реагираат од СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Особено затоа што токму неговата ВМРО-ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски 11 години не само што не вложија ниту еден денар во Струмица, туку дополнително ја опструираа работата на локалната власт, фирмите беа под постојат притисок и казни.

На Мицкоски во тоа време не му беше важно што Струмица и граѓаните на оваа општина 11 години беа заборавени од централната власт ВМРО-ДПМНЕ, единствено го интересираше бизнисот со хидроцентралите што го доби од неговиот ментор Груевски.

Мицкоски продолжува да шири лажни вести секаде каде што се појавува. Вистината за индустриската зона Сачево е сосема различна од она што го тврди пионот Мицкоски.

Сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илајди метри квадратни, ги купија 16, домашни и странски компании кои градат свои производствени погони.

Општината веќе обезбедува патна и комунална инфраструктура, услови за градба и непречена работа на инвеститорите.

Компаниите што имаат подготвени архитектонски проекти веќе имаат и дозволи за градба. Сите активности се одвиваат согласно роковите, плановите и можностите на инвеститорите.

Наместо да шири лажни вести, Мицкоски може да учи што е економија и економски раст и развој.

Рекордниот износ од 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на БДП во третиот квартал од годинава и падот на невработеноста на 20.8 отсто се само дел од економските показатели што ги демантираат лагите на Мицкоски и докажуваат дека економијата се движи во добар правец.

Очигледно е дека Мицкоски ниту на граѓаните на Струмица, ниту на граѓаните на Македонија не може да им понуди ништо освен измислици, лажни вести и одбрана на криминалот на неговиот ментор Груевски, реагираат од СДСМ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер