Малиот фан на Меси , кој го трогна светот , мораше да си го напушти домот (ВИДЕО)

,,Малиот Меси” , Муртеза Ахмади , кој му беше гостин на Лајонел Меси , откако неговата фотографија со направен дрес на славниот фудбалер од кеса , го обиколи светот , е соочен со лична драма.

Пред опасноста од напад на Талибанците малиот Муртеза со семејството го напушти домот во југоисточната покраина Газа. Неговото, заедно со другите семејства го напуштија местото Џагори , откако талибанските милитанти на почетокот на месецов го нападнаа целото подрачје. Семејството изнајми мало собиче без греење во Кабул.

Седумгодишното момче стана познато во целиот свет , кога сам си направил ,,дрес” од сино – бела кеса на која напишал Меси со бројот 10. Фотографијата го трогнала славниот фудбалер , кој во 2016 во Катар се сретна со малото момче и му подари вистински дрес.

Претходно Лајонел Mеси на малиот фан му подари и топка преку УНИЦЕФ каде Меси е амбасадор на добра волја.

Кога се вратил во Авганистан од средбата со Меси во Kатар , малото момче морало да се крие , зашто неговото семејство добивало заканувачки пораки дека ќе биде киднапиран , доколку не им исплатат одредена сума пари.

Американка пронајдена по пет дена – Со автомобилот паднала во канал (ВИДЕО)

40-годишна Американка пет дена преживеала заробена во својот автомобил, откако излетала од патот во Алабама и завршила во канал.

Робин Фанчер, се водела за исчезната пет дена.Таа со возилото тргнала во пошта, но по пат, изгубила контрола и паднала во канал.Полицијата неколку пати го пребарувала истиот терен, но не можеле да го лоцираат нејзиниот автомобил, кој речиси и не можел да се види од високата трева околу каналот.

 

Нејзе ја забележал случаен минувач и ја алармирал полицијата.. Робин немала сериозни повреди, но била дехидрирана и во состојба на шок..

Во Англија по 87-ми пат се одржа Светско првенство во играње џамлии (ВИДЕО)

Во англиското градче Тинсли Грин по 87-ми пат се одржа Светското првенство во играње со џамлии.

Годинава победата ја однесе Германија, која во финалето го совлада домашниот тим од Британија.. Почнувајќи од 1932 година, екипи од повеќе земји доаѓаат во оваа мало живописно градче со надеж дека ќе го освојат победничкиот прстен, а во средината на 90-тите години започнува да се одржува и репрезентативното Светско првенство во џамлии, најчесто во категоријата, кај на позната како „на мор“.

Натпреварите традиционално се одржуваат пред градскиот паб, кој датира од 1936-тата година.

Згасна производствот на уште една легенда

Мицубиши најави дека по 37 години , во август годинава ќе го произведе последниот примерок на легендарниот Пајеро.

Во текот на 37 години постоење , Пајеро се стекна со имиџ на неприкосновен теренец , а стекна и култен статус меѓу љубителите на овој вид возила. Последната шанса за купување на овој теренец ќе го имаат јапонските потрошувачи , кои ќе имаат самно 700 примероци.

Последната серија од овој теренец ќе се нуди по цена од 36 200 евра.  За оваа цена сопствениците ќе добијат моќен дизелаш со 190 кс и 441 Нм.

Додатоците како прекривка на резервното тркало , отвор на покривот и заден спојлер ќе бидат надворешни знаци на препознавање , додека внатре ги очекуваат кожни седишта , кои се поместуваат на електричен погон.

Сите купувачи на последнатас ерија на Пајеро ќе добијат и посебен рачен часовник изработен од Ситизен.

притисни ентер