Основното училиште „Гоце Делчев" во општина Аеродром почна да се грее на пелети

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев" во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење, заменувајќи го досегашниот систем на нафта.

Котелот на пелети го набавија општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска го посетија училиштето и извршија увид на новиот котел што работи на пелети.

– Ова е прво училиште во општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример, изјави Марин.

Тој додаде дека се очекува трошоците за греење на објектот да бидат преполовени и со ваквиот начин на загревање ќе се даде голем придонес за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух.

Заменик-министерот Макрадули го поздрави преминот на еколошки начин на затоплување во училиштето.

– Ова е добар пример како општина Аеродром го следи владиниот план за чист воздух, кој пред два дена доби голема меѓународна поддршка на министерскиот состанок на Југоисточна Европа, изјави Макрадули. Додаде дека новиот еколошки извор на затоплување во ОУ „Гоце Делчев" го оправдува мотото „штедиме средства и ја чуваме животната средина". 

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер