Русија: Што ако нашите подморници се појават на брегот на Америка

Русија соодветно ќе одговори на можната појава на американски бродови на Црното море, изјави заменикот на претседавачкиот одбор за одбрана на Државната дума на Русија, Јуриј Швиткин.

„Без оглед на тоа од каде доаѓа агресијата или провокативните акции, од Украина или од Америка, тоа нас не е ни е важно. За нас државната граница е недопирлива. Ќе одговориме соодветно. Навистина не би сакал нашите подморници да испливаат на брегот на Америка“ – изјавил Швиткин пред новинарите.

Претходно телевизијата „Си-Ен-Ен“ повикувајќи се на извори соопштила дека САД започнале подготовки за испраќање на воени бродови на Црното море после инцидентот во Керчкиот теснец каде украинските бродови се задржани откако ја нарушиле границата на Русија.

„Разурнувачот на американската морнарица кој поминувал во близина на базата на Пацифичката флота на Русија, не влезе во територијалните води на Русија, но ваквите акции се провокативни по природа“ – истакнал Швиткин.

„Овде треба да ја сфатиме ситуацијата, можеби САД преувеличуваат. Не се работи за територијалните води на нашата земја, така да едноставно тврдат дека (разурнувачот поминал) во близина на воената база на нашата Пацифичка флота. Всушност не станува збор за наши територијални води. Но во секој случај, ова има провокативен и демонстративен карактер и ни на било кој начин не ја подобрува американската политика“ – заклучил Швиткин.

Претходно американската воена морнарица соопштила дека ракетниот разурнувач “Мекабел“ поминал во близина на заливот Петар Велики во Приморје каде што се наоѓа базата на Пацифичката флота на Русија.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер