Меѓународен ден на лицата со попреченост – да се гледаат како потенцијал, не како проблем

Околу 10 проценти од граѓаните во Македонија се соочуваат со некаков вид попреченост.

Тие бараат отстранување на сите видови бариери, меѓу кои и физичката непристапност до институциите, бараат поголема инклузивност во образованието, пристап до здравствени услуги, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции, како и подигнување на јавната свест и остранување на дискриминацијата и стигматизацијата.

Во рамки на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лицата хендикеп -­ 3 Декември, тие посочија дека се прават напори за унапредување на стотојбите и оти работите се придвижуваат, но оти е потребна и натамошна посветеност и на Владата и институциуите, но и на целото општество. Претставниците на Владата, пак, истакнаа дека остварувањето еднакви услови и можности за овие лица е нивен приоритет и во таа насока потсетија на она што го направиле досега.

-Сензибилитетот и позитивната енергија што ја шират лицата со попреченост никого не оствааат рамнодушен. Од нив зрачи посебна аура и таа навистина тешко може да се опише со зборови. Секој еден од нив е посебен на свој начин, но секој заслужува еднаква шанса и еднаква можност за остварување на своите права. Основното начело на оваа Влада е признавање на вроденото достоинство и еднаквите неотуѓиви права на сите членови на човековото семејство, како темел на слободата правдата и мирот во светот. Затоа се залагаме и работиме на создавање еднакво општество за сите, рече премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека во таа насока е формирано координативно тело во Владата кое донело Акциски план за забрзано спроведување на насоките од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Олеснет е, рече, пристапот до правото за паричен надомест по неколку основи, а зголемени се средствата кои едно семејство со дете со попреченост може да ги добива. Го спомена и процесот на деинституционализација, и усвојување на националната стратегија „Тимјаник", отворањето центри за лицата со попреченост, како и овозможувањето на персонална асистенција и обрзовни асистенти.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, рече дека покрај работите кои ги спомена премиерот треба да се напомене и фактот дека по барање на родителите на децата со попреченост е зголемен додатокот за ослободување за скратено работно време за секој родител и тоа да биде 50 проценти од просечната плата.

-Со ова овозможуваме да се прави превенција пред процесот на деинтитуционализација, да не се дојде до момент родителите да се откажат од детето, рече Царовска.

Таа напомена и дека секој родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26-та година и не го дал во институција ќе може да оствари право на пензија иако не ги иполнува условите за тоа, тошаш кога ќе ја исполни старосната граница, 62 за жени и 64 за мажи.

Таа информираше и дека во заводот во Демир Капија нема деца од 0 – 18 години и оти последната група е извлечена и е донесена во мали груни домови во Скопје. Рече дека повеќе од 34 проценти од вупниот број деца од институции се извлечени за една година и оти така ќе се продолжи и натаму, со цел, како што истакна, овие лица да се гледаат како потенцијал, а не проблем.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје рече дека мора да се работи на елиминирање на бариерите кои ги попречуваат овие во транспортот, образованието, но и во другите области.

-Овие лица имаат право на пристап до образование, култура, социјални права, вработување на иста основа како и лицата без попреченост, рече Жбобрар.

Предизвиците со кои овие лица се соочуваат се системски и долготрајни и бараат мобилизираност на сите чинители во општеството. Проблеми има во спроведувањето на инклузивноста во образованието, но и во општеството воопшто. Затоа претставниците на здруженијата на лицата со попреченост побараа и промовирање на вештините и способностите на лицата со попреченост и нивно развивање, со цел полесна инклузија во секојдневниот живот.

Претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски рече дека во Македонија се уште постои висок степен на дискриминација, стигматизација и оти на тоа треба да се работи и оти на тоа треба да се работи. Побара остранување на физичките бариери со кои се соочуваат овие лица, поголема пристапност на пишаните материјални во форми кои се соодветни како брајово писмо и аудио формати, зголемување на толкувачи на знаковниот јазик, инклузивно обрзование, не само основно и средно, туку и поголема пристапност на високото образование, здравството, здравството.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер