,,Трамп ќе се сретне со Путин кога ќе ги ослободи украинските морнари”

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека ќе има средба меѓу Трамп и Путин доколку Русија ги ослободи украинските морнари, уапсени за време на инцидентот во Керчкиот мореуз.

,,Сакаме морнарите и бродовите да бидат вратени “ , порача Помпео , прашан за продолжетокот на дијалогот со Русија.Денеска и Белата куќа се огласи со информација дека имало неформална средба меѓу двајцата претседатели.

Портпаролката Сара Сандерс рече дека претседателите се сретналез а време на вечерата во Буенос Аирес. Како што изјави Сандерс , Трамп и сопругата имале оповеќе неформални средби за време на вечерата со светските лидери , меѓу кои и со Путин.

Денеска требаше да се одржи средбата на двајцата претседатели , која ја откажа Трамп пред тргнувањето кон Аргентина.

И советникот на Кремљ , Јуриј Ушаков рече дека на маргините на самитот Г20 накусо се сретнале Путин и Трамп .

Путин се сретнал и со американскиот советник за наџионална безбедност , Џон Болтон , соопшти Ушаков.

,, Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите” , рече Ушаков и додаде дека не може да биде сигурен кога би дошло до средбата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер