„Политико“: Бегството на Груевски го помогнале двајца унгарски разузнавачи

Кои се пропустите на домашните органи поради што дојде до бегство на екс премиерот Никола Груевски обвинителството се уште истражува.

Неофицијално под лупа на Организиран криминал и корупција се МВР со Бирото за јавна безбедност и УБК,Специјалното јавно обвинителство но и скопскиот Кривичен суд. Од Обвинителството за организиран криминал со кое раководи обвинителката Вилма Русковска засега детали не откриваат. Велат се прибираат докази.

-Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се уште собира докази за тоа кој е одговорен за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Оформен е предмет по допрен глас бидејќи постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти државата.

Засега се чини дека единствена отворена енигма остана како Груевски ја поминал македонско – албанската граница.

Министерот Спасовски неодамна изјави дека МВР располага со одредени информации но засега се тајни. Но не изостануваат ниту информациите од странските медиуми.

Бриселскиот портал Политико повикувајќи се на свои извори пишува дека во олеснувањето на бегството на Груевски била вклучена унгарската разузнавачка служба.

Премиерот Зоран Заев пак демантирајќи ги наводите на дел од медиумите дека контактирал со Груевски пред да ја напушти земјава, рече дека последен пат со него разговарал пред собраниските насилства од 27 април лани.

И додека се утврдува одговорноста за бегството на екс премиерот кое го активираше притворот и за обвинетите функционери во неговата влада – Јанакиески, Божиновски и Мијалков, Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали тие ќе останата во истражниот затвор во Шуто Оризари. Од адвокатскиот тим на Јанакиески велат дека ќе ја оспорат белешката од УБК врз основа на која судот му определи притвор.

Претходно определените мерки од судот обвинетиот Миле Јанакиески ги почитувашево целост. Спорна е белешката од УБК при што сметам дека немаше основа судот да заклучи дека би се дал во бегство.

И од ВМРО ДПМНЕ побараа од судот да го укине притворот на Јанакиески тврдејќи дека се злоупотребува УБК.

Освен Јанакиески и Божиновски, укинување на притворот бара и екс шефот на УБК Сашо Мијалков за кој Апелациониот суд се очекува да закаже јавна седница.

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

притисни ентер