Заев: Како четири земји, наши пријатели, го дозволиле бегството на Груевски?

 Истрагата ќе ги открие деталите за бегството на Груевски, но останува прашањето како четири земји, наши пријатели, тоа го дозволиле, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по работната посета на Струмица.

Заев очекува јавноста многу брзо да биде информирана што точно се случувало во Македонија околу бегството на поранешниот премиер.

-Јас сум информиран од МВР и знам досега до каде се стигнати работите и верувам дека во многу брзо време на јавноста ќе и бидат соопштени деталите што се случувало во Република Македонија, бидејќи знаеме што се случувало во Албанија, Црна Гора, Србија и во Унгарија. Останува прашањето како тоа наши пријатели, четири земји, тоа го дозволиле и секако останува прашањето како тоа три земји членки на НАТО, демонстрирајќи владение на правото, го кажувам тоа под наводници, во време кога македонското општество, македонскиот парламент сериозно е фокусиран заради огромната инспирација со право да се биде членка на ЕУ и НАТО, токму тоа се случува. Но, затоа се истрагите, затоа се информациите коишто следуваат да бидат споделени со јавноста, истакна Заев.

Сите видовме, дополни тој, а и потврдија дека со дипломатски возила на Унгарија и придружуван од унгарски дипломати, Груевски стаса во Будимпешта.

Заев жали што МВР се уште не може да излезе со детална информација. Рече и дека го почитува тоа што Јавното обвинителво е во сериозна истрага и додека трае истрагата, повтори, не може да се соопштуваат сите детали.

Премиерот демантираше и дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред да ја напушти државата, додавајќи дека таа иинфомрација веќе ја демантирал на медиумот кој ја објавил и дека е тоа објавено.

-Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со господинот Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во Парламнтот, кога разговаравме да одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори, одговори Заев на новинарско прашање при денешната работна посета на Струмица.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер