Унгарски медиуми: Орбан го зел Груевски од Белград со авион?

Веќе четврти ден откако Никола Груевски го напиша Фејсбук статусот дека се наоѓа во Будимпешта, македонските истражни органи и натаму без одговор кога и како екс премиерот ја напуштил Македонија.

Од МВР велат дека ги проверуваат сите наоди и дека трае истрагата. Она што е познато е дека ќе се проверува евентуалната инволвираност во бегството на Груевски на граничарите во близина на македонско – албанската граница и други службени лица.

За безбедносниот експерт Благоја Марковски, бегството на екс премиерот е системски и долго планирано со директна помош внатре и надвор од државата.

Од информациите од албанската полиција, досега е познато дека Груевски влегол на албанска територија нелегално пеш, а потоа откако веројатно во унгарската амбасада во Тирана изразил намера да бара азил, со возило на амбасадата во недела вечерта бил префрлен со Црна Гора. Таа граница, а подоцна вечерта и црногорско-српската граница ја поминал легално со лична карта, со оглед дека тогаш немаше потерница по него.

За разлика од албанските и црногорските, српските власти веќе трет ден молчат за овој случај. Со тоа останува мистерија што се правел Груевски во Србија, како и каде влегол во Унгарија.

Дел од унгарските медиуми пишуваат дека Груевски со приватен авион на унгарски олигарх што го користи и премиерот Виктор Орбан допатувал во Будимпешта од Белград рано ноќта на 15ти ноември, односно два дена по објавата на фејсбук, која според оваа верзија, била искористена какко мамка..

Додека се чека исходот од барањето за азил, се погласни се шпекулациите дека Будимпешта е само попатна станица на Груевски. веќе почнаа да кружат гласини дека Груевски веќе и ја напуштил Унгарија, а како можни дестинации се спомнуваа Русија и Турција,а од денеска како опција каде би заминал екс премиерот влегува и Белорусија.

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер