Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора

Извршената верификација на системот на граничните премини од страна на албанските власти потврдиле дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Албанија ја напуштил на 11 ноември околу 19 часот, јави тиранската телевизија Ора њуз.

Груевски од Албанија излегол преку граничниот премин Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница. Бил во дипломатско возило на унгарската амбасада и поседувал пасош на негово име.

Повикувајќи се на сигурни извори, Топ чанел телевизија, наведува дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин,т уку илегално преку зелениот појас.

Претходно унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада.

За тиранската телелвизија Топ чанел, од амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процеси [to се во тек", поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Некои регионални медиуми пренсоа дека Груевски откако една ноќ минал во унгарската амбасада од аеродромот во Тирана заминал за Будимпешта. /МИА.

Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина

Кина го повика НАТО „да престане да ја префрла вината“ за војната во Украина, откако генералниот секретар на Алијанса го обвини Пекинг за влошување на конфликтот преку поддршката за Русија.

Јенс Столтенберг вчера ја повика Кина да се соочи со последиците за, како што го нарекоа американските власти, големиот извозен притисок за обнова на руската одбранбена индустрија.

Властите во Пекинг денеска нагласија дека НАТО „треба да се вклучи во саморефлексија наместо произволно оцрнување и напади врз Кина“.

- Го советуваме (НАТО) да престане да ја префрла вината и да сее раздор, да не долева масло на огнот и да поттикнува конфронтација, туку да направи нешто практично за политичко решавање на кризата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Жијан.

По инвазијата врз Украина се интензивира стратешкото партнерство помеѓу Кина и Русија, а ги отфрли западните тврдења дека ги помага воените напори на Москва./МИА

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

притисни ентер