По три дена Орбан се огласи за бегството на Груевски

По три  дена молк, Орбан прв пат лично се огласи, но не одговори зошто поранешниот премиер Груевски нема ист статус како и останатите баратели на азил. За унгарските власти ова прашање останува чисто правно.  

Кратко, јасно и во препознатлив стил. Виктор Орбан немаше конкретен одговор на прашањето на унгарски новинар, зошто Груевски имал привилегиран статус во однос за на останатите баратели на азил во земјата.

-Г-не Орбан, како може поранешниот македонски премиер илегално да влезе во Унгарија и зошто не е во транзитната зона?

-Тоа е правно прашање, ве молиме контактирајте правници. , изјави Орбан

Многу појасен од Орбан, беше неговиот шеф на кабинет, кој на прес конференција откри дека Груевски барањето за азил го најавил уште пред да стапне на унгарска територија. Гергели Гулијаш посочува дека екс премиерот намерата за азил ја искажал од унгарска амбасада, но надвор од Македонија, пред да дојде во Будимпешта и формално да го поднесе барањето. Тој одби да прецизира дали се работи за унгарската амбасада во Србија, како шо гласеше прашањето на новинарите.

-Поранешниот македонски премиер даде долго интервју во Будмпешта. Како што знаете, од безбедносни причини, тој го поднесе барањето во Службата за имиграција и азил во Будимпешта, наместо во транзитниот центар. Не знаеме дали во Унгарија дошол по копнен или воздушен пат и воедно ги отфрламе информациите дека на каков било начин сме му помогнале. До овој момент, не сме добиле барање за екстрадиција од Македонија, вели Гергели Гулијаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Орбан

Македонското министерство за правда денеска информираше дека барањето за екстрадиција е подготвено и оти се чека целата документација да биде преведена на унгарски јазик во Кривичниот суд.

За правната процедура телефонски разговарале и министрите за надворешни работи Димитров и Сијарто. Шефот на унгарската дипломатија оценил дека барањето политички азил е правно, а не политичко прашање. Димитров пак, укажал на парадоксалноста да се бара политички азил во земја членка на Европската Унија од личност, во чие владеење, земјата била окарактериризирана како заробена држава токму од самата Унија.

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер