Уште еден актер остана без домот поради пожарите во Калифорнија (фото)

Пожарите во американската сојузна држава Калифорнија, кои во последните неколку денови уништија неколку илјадници домови, од монтажни куќички до раскошни резиденции, не беа поштедени ниту домовите на некои од ѕвездите кои живеат во близина на Малибу.

После Џерард Батлер, поп пејачката Мајли Сајрус навела дека куќата во која живеела со австралискиот актер Лиам Хемсворд во целост изгорела.

Хемсворт на твитер ја сподели шокантната фотографија од нивниот некогашен дом во Малибу кој сега е претворен во пепел, од кој ништо не останало, освен зборот (love) кој се гледа на пепелта.

 

Австралискиот актер потоа напишал порака во која истакнал дека сочувствува со сите луѓе кои во беснеењето на пожарите останале без дом.

„Беше трогателно овие неколку дена. Ова остана од мојата куќа: Љубов(love). Многу луѓе во Малибу и во околните подрачја на Калифорнија исто така ги изгубија своите куќи и сочувствувам со сите кои се погодени од пожарите“ – напишал актерот.

 

Во неделата Мајли исто така на твитер напишала за пожарот кој го зафатил нејзиниот дом, изјавувајќи дека е среќна што домашните миленици се добро.

„Во  целост е уништена од огнот кој го зафати целото маало. Јас сепак имав среќа. Моите животни и љубовта на мојот живот се безбедни и тоа е она што сега е најважно“.

Еве како изгледаше првиот туристички излет во вселената (видео)

Ричард Бренсон успеа – ги испрати првите туристи во вселената.

Леталото на Вирџин, „Вирџин Галактик (Virgin Galactic), со патничкиот вселенски брод „Space Ship Two“ успешно полета од американската пустина Мохаве, досегнувајќи 80 километри над Земјата и им овозможи на двајца патници да доживеат безтежинска состојба и да ја видат Земјата од поинаква перспектива.

Како изгледал целиот лет, погледнете во снимката која ја објави „Вирџин“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

So @RichardBranson, we’re taking you to space. 🚀🌎

A post shared by Virgin Galactic (@virgingalactic) on

Фока се вселила во саксија (фото)

Фоката поминала голем пат за да стигне до дворот на една жена и да се всели.

Undated Northumbria Police handout photo of a seal pup that a woman found outside her home on Marine View, Seaton Sluice, Northumberland. The young pup was eventually returned to safe waters. PRESS ASSOCIATION Photo. Issue date: Wednesday December 12, 2018. See PA story POLICE Seal. Photo credit should read: Northumbria Police/PA Wire NOTE TO EDITORS: This handout photo may only be used in for editorial reporting purposes for the contemporaneous illustration of events, things or the people in the image or facts mentioned in the caption. Reuse of the picture may require further permission from the copyright holder.

Една жена останала зачудена откако пред својата врата забележала младенче фока. Фоката морала да помине улица, еден голем паркинг за да стигне до домот на Паула Мурхед, кој се наоѓа во местото Ситон Слус, на источниот брег на Британија.

Паула повикала полиција која успеала да ја врати младата фока во морето.

Пожарникари повикани на расчистување на истурено чоколадо

Пожарникари повикани на расчистување на истурено чоколадо

Чоколадото завршило на патот поради дефект во една фабрика за чоколадо во северна Германија.

За расчистувањето биле потребни 25 пожарникари кои користеле лопати и топла вода за да ја исчистат улицата.

Spilt chocolate is cleared from a road in Werl, Germany December 10, 2018 in this picture obtained from social media. Picture taken December 10, 2018. FEUERWEHR WERL/via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. MANDATORY CREDIT. NO RESALES. NO ARCHIVES.

Одговорните лица од фабриката за чоколадо изјавиле дека се среќни поради тоа што инцидентот не се случил пред Божик, бидејќи тоа би се сметало за голема катастрофа, изјавил менаџерот на фабриката.

притисни ентер