Во Љубљана се одржа прв протест на трансродни лица

Десетина трансродни лица , протестираа низ Љубљана со барање државата да им ја олесни процедурата во впишувањето на промената на полот во личните документи.

Трансродните лица се собраа во парк во Љубљана и ги претставија своите барања , а потоа протестот го продолжија пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на здружението ,, ТрансАкција” , Лин Џулиан Колетник изјави дека со овој протест сакаат да предупредат на кршење на човековите права на трансродните лица.

Мицкоски уште еднаш го повика Заев на дуел

Од Гимназија „Кочо Рацин" до плоштадот С'Рмаале низ главните велешки улици до центарот на градот  денеска протестираа граѓани на Велес предводени од лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Потсети дела пред неколку дена од пред платото на Владата го повикал Зоран Заев на дуел и уште еднаш го повика, како што рече да се охрабри да излезе.

-Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме, му порача Мицкоски на Заев.

Во своето обраќање до присутните тој  им се заблагодари  што одвоиле време  да им се придружат и го искажат како што рече револтот против актуелната власт.

– Кога ве гледам вака, горди, пркосни и исправени пред сите овие неправди кои што оваа ненародна влада, ги води во Република Македонија Овде сум да ви ја пренесам пораката што во изминатите студени денови од декември громогласно се пренесува низ улиците и плоштадите ширум Р.Македонија,а тоа е Македонија е вечна, власта не е, рече Мицкоски

Тој оцени дека во изминатите скоро 19 месеци централна и повеќе од една година локална власт се случуваат само црнила и темнина.

-Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017, рече тој и додаде дека на следните претседателски избори ќе бидат тест за власта.

Ја обвини власта дека тргува со правото и правдината. -Зарем тоа е таа правда и правдина која што ја барате. Зарем правдата е Зоран Заев да гледаме и слушаме како бара мито да биде ослободен, а недолжни патриоти да се држат во затвор и по зандани затоа што имале единствена цел а тоа било како да си ја заштитат и одбранат државата. Зарем тоа е правда и правдина. Па сега ќе излагаат и ќе го злоупотребуваат зборот помирување. Какво е тоа помирување кога на дневна основа вршите притисок врз граѓаните на Република Македонија и врз ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека  ќе продолжат  да протестираат ширум плоштадите и улиците. 

Оспорен легитимитет - дали новоизбраниот претседател на ЗНМ го добил потребното мнозинство?

Недостасуваат 2 гласа, нема победник и треба да се оди на ново изборно собрание за избор на нов претседател на ЗНМ, велат правниците за Канал 5.

Според статутот на здружението членот 34 став 2, вели „Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание, во случајот Младен Чадиковски беше избран со 86 гласови, пред својот противкандидат Столе Наумов, кој освои 77 гласови од 175-те присутни на Изборното собрание на ЗНМ, исход кој што правниците го толкуваат како нелиегитимен.

Адвокатот Јоанидис исто така од правен аспект вели дека оспорување на изборот може да биде од група новинари со жалба до ЗНМ и со тужба до Управниот суд.

Во телефонскиот разговор со претходниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани, добивме одговор дека изборот на претседател според него е легитимен, затоа што за победа е потребно да се добие мнозинството гласови од оние што гласале за избор на претседател.

Дополнителен сомнеж врз изборот за претседател на ЗНМ фрла и  мистериозното зголемување на бројот на членови од 531 на 555 и тоа само за едно деноноќие пред Собранието кога имаше мораториум за ажурирање на членството.

Иако се бараше одложување на изборното собрание, претходниот претседател Селмани тоа не го дозволи, зошто беше донесена одлука дека 5ти Декември 2018 е последен ден за регистрирање на членови на ЗНМ кои ќе имаат право на глас, никој не одговара.

Канал 5 ТВ најави дека ќе ја извести Европската Асоцијација на Новинари , за да види дали станува збор за намерна или случајна измама но и ќе ги оспори претходно споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ, исто време и до надлежните институции во РМ при што ќе се бара оспорување на овој нелегитимен избор и нелегитимен претседател.

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Поради интензивни врнежи од снег на овој патен правец  Македонија пат претходно воведе задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

притисни ентер