Груевски и натаму недостапен за органите на прогонот

Поранешниот премиер Никола Груевски и натаму е недостапен за полицијата која трага по него за да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк".

Засега нема информации дали МВР го лицирало Груевски. Од МВР велат дека полицијата продолжува да постапува по распишаната потерница и дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија.

Полицијата синоќа во наврата се обиде да го најде Груевски во неговиот дом, но без успех. Полциски екипи беа и кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов вчера изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој вели дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додаде, дека ќе се искористат сите останати правни можности.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев синоќа изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.

– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ. Додаде дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека против нивниот поранешен лидер и почесен претседател се води хајка и полтички прогон.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека "ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот".

– Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа? Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите, наведува Мицкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави дека партијата ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неопходни средства за, како што рече, да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолчување на опозицијата.

– Доколку полицијата поседува налог и навистина се сомнева дека Никола Груевски е во штабот може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку, кажа Јанушев.

Потерницата од МВР беше распишана на барање на Кривичниот суд, откако Груевски не се пријави во затворот во предвидениот рок. Судот вчера попладне во 16.30 часот го достави до СВР Скопје барањето за издавање потерница против Груевски, откако изминативе денови судските курири не успеаја да му го достават решението на Советот на судот со кое се одбива неговата жалба во однос на двегодишната затворска казна за „Тенк".

Инаку, Никола Груевски, како поранешниот премиер, согласно законот, има право на физичко обезбедување од Шестата управа во траење од 10 години. Го обезбедуваат шестмина припадници на Одделот за заштита на определни личности и објекти при МВР. Сепак, како што појаснија правни експерти за МИА, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односни работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Екс премиерот покрај во случајот „Тенк" во кој е осуден со правосилна пресуда на казна затвор од две години, се јавува како осомничен и во уште неколку случаи отворени од СЈО: Насилство во Центар, Титаник, Траекторија, и Талир. /МИА

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

притисни ентер