Визарси на стартот на годината играат очајно со скор од 2/9. И покрај тоа што имаат одличен состав , на почетокот на сезоната не може да им тргне. Орландо до победа го донесе Ерон Гордон со 20 постигнати поени и седум скокови , а Никола Вучевиќ со 21 поен и 14 скокови.
Кај Вашингтон најефикасен беше Бредли Бил со 27 поени и шест асистенции , додека Џон Вол имаше 19 поени и 12 асистенции.
Филаделфија и Шарлот одиграа одличен натпртевар , но победата им припадна на 76 - ерсите со 133:132. Џеол Ембид одигра фениоменално , кој од централната линија на Хорнетс уфрли дури 42 поени , со 18 скокови .
Ембид пред крај на мечот уфрли тројка , а потоа постигна уште еден поен од слободнио фрлање , поради што натпреварот се играше во продолжетоци.