Порошенко потпиша: Секој Русин кој ќе слета на Крим ќе се соочи со казна затвор

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша предлог закон со кој секој Русин кој со авион ќе допатува на Крим ќе се соочи со казна затвор.

Украинската погранична служба ги контролира копнените влезови на Крим, кои Русија го анектираше во 2014 година, но повеќе патници на тој полуостров доаѓаат директно од Русија, која таквите патувања ги третира како патувања на своја територија, додека Киев таквите летови ги смета за илегално преминување на украинската граница.

Парламентот во Киев денеска соопшти дека претседателот Порошенко потпишал предлог закон со кои таквите преминувања ќе се сметаат за кривични дела за кои е предвидена затворска казна во траење до три години, пренесува „АП“.

Тој закон ќе се применува на руските граѓани или на секој кој ќе делува во интерес на Русија.

Новиот закон ќе значи дека секој Русин кој со авион ќе допатува на Крим, или кој таму ќе дојде преку новиот мост кој ги поврзува Крим со копното на Русија, ќе се соочи со кривични обвиненија во Украина.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер