Повеќе организации од земјава и странство потпишаа повелба за спречување на промена на Уставот

Повелба за стратешка соработка за спречување на промена на уставот и распишување на предвремени парламентарни избори.

 Сметаат дека постапката за уставни измени е очајнички потег на власта за да го протурка преспанскиот договор.

 Очекуваат дека пратениците, кои дадоа поддршка на отворањето на уставот, ќе се премислат во понатамошната собраниска процедура.

На денот на референдумот поголем дел од населението кажало „не" на промените на името и Уставот на Република Македонија, порача Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

Русија подготвува санкции против ЕУ

Кремљ и се закани дека ќе одговори на санкциите наметнати од ЕУ, објавија руските медиуми.

Претходно денеска , ЕУ воведе санкции за случајот Скрипал. 

Санкциите влијаеле врз двајцата осомничени за труење на Сергеј и Јулија Скрипал, како и на шефот на ГРУ и неговиот заменик.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на советот на ЕУ е ”непријателска “. 

Канцеларијата истакна дека Москва го задржува правото да одговори.

Руски и сириски државјани се првите кои се погодени од санкциите според новата рамка, иако двете страни ги уништија спорните средства под контрола на организацијата за забрана на хемиско оружје за разлика од сад, појаснува министерството.

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи.

На дневен ред, исто така, ќе се најдат и информациите за извршени плаќања по обврски од референдумот и тоа прелиминарниот извешај по обврските за спроведување на Референдумот 2018 година и на изборната администрација и помошните тела кои не добиле надоместок за спроведените избори во 2016 и 2017 година.

На седницата, како што информираат од ДИК, ќе биде разгледана и предлог програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за гласањето во Република Македонија и избирачките одбори за гласањето во странство. /МИА

Притвор за жител на село Стојаково за неовластено производство и пуштање во промет на марихуана

Триесетдневен притвор доби 48-годишно лице од село Стојаково откако при претрес во неговиот дом,  на 30.10.2018 година, била пронајдено околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања.

Основното јавно обвинителство во Велес донесело наредба за спроведување истражна постапка против него поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвнинителство.

Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесел и предлог за определување притвор за осомничениот.

Предлогот, како што велат од Обвинителството, е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. /МИА

притисни ентер