Јанко Бачев на разговор во полициска станица

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев е на разговор во полициска станица поради закана која ја упатил преку социјалните мрежи.

На фејсбук страната на „Единствена Македонија" наведуваат дека нивниот претседател Бачев е приведен од страна на полицијата додека се движел кон партискиот штаб каде требало да оддржи состанок. 

Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. /МИА.

Брегзит во рацете на британските пратеници

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа над дневниот ред во парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија.

Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.

Од утре поладно со дожд, во петок температури под нулата

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови и намалување на дневната температура за три до четири степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Во текот на денешниот ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд попладне во западните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер и максимална температура до 15 степени. /МИА

притисни ентер