БЕСА и Алијанса со свои предлози за уставните измени- политички маркетинг или отежнување на процесот?

Отворањето на уставот со цел имплементација на договорот со Грција, БЕСА на Биљал Касами и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, го гледаат како сосема легитимна шанса, во овој компликуван процес да бараат зголемување на правата на Албанците.

Според уставните експерти, според тоа што го изгласа собранието, уставот може да се менува исклучиво само во делот кој го опфаќа преспанскиот договор,па затоа е невозможно да се интервенира, во да речеме делот на употребата на јазиците.

Дополнително се стравува дека овие барање, кои од ДУИ беа оквалификувани како дневна политика, можат само дополнително да ја компликуваат и онака тешката ситуација. Ваквото „ловење во матно“ може скапо да ја чини земјава.

Од владате засега не го коментираат конкретниот предлог на БЕСА, и покрај тоа што според предлозите кои ги презентираа синоќа, дел од нив дефинитивно излегуваат од рамката уставни измени кои ќе треба да бидат спроведени согласно Преспанскиот договор.

Таков е примерот со албанскиот јазик кои се бара да биде комплетно, на сите државни нива, еднаков со македонскиот и тоа да биде запишано во уставот.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер