Џафери чека објаснувања за комисијата за помирување и за предлогот за амнестија

Продолжува неизвесноста околу формирање на најавената комисија за помирување. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во изјава за медиумите рече дека очекува иницијаторите за формирање на вакво тело, осумтемина пратеници кои гласаа за уставните измени од редовите на опозицијата да иницираат средба и да ја објаснат конкретно оваа идеја.

-Идејата за формирање на телото е во контекст на подготвеноста на мнозинството во Собранието да се има општо помирување во односите помеѓу политичките партии застапени во Парламентот и пошироко и таа произлегува од самите пратеници. Иницијаторите досега не се обратиле до мене да се изјаснат во однос на основната идеја и замислата. Нивна беше волјата јас да го водам тоа тело, рече Џафери кој присуствуваше на промоцијата на студија за регулативата за употребата на јазиците во Македонија.

Џафери потврди дека на вчерашната координација во Собранието била водена општа дебата со претпоставки како би изгледало и што би се работело во оваа комисија и во тој контекст го спомена кодексот за однесување на пратениците.

-Очекувам иницијаторите на оваа комисија да иницираат соодветна средба и да ја објаснат идејата, рече Џафери.

Според претседателот на Собранието, најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека тие не се подготвени да учествуваат во едно вакво тело, е „јасна определба дека тие не се заинтересирани за општо помирување меѓу пратениците, што би се рефлектирало меѓу граѓаните, како поддржувачи на политичките партии".

За барањето за закон за амнестија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери нагласува дека пратениците имаат право да достават до Собранието ваков закон, но вели дека тие треба да објаснат која би била идејата на законот и што би придонел тој за нив и за имиџот и позицијата на Собранието.

-Не можам да прејудицирам која би била идејата на таков закон и во кој опфат би бил, но во секој случај секој пратеник има легитимно право да предложи закон, рече претседателот на Собранието, додавајќи дека за ова прашање ќе се разговара кога ќе има конкретен предлог.

Џафери кажа дека до денеска напладне до него нема доставено информација од осумтемина пратеници дека излегуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дека најавуваат формирање на нова пратеничка група. Тие имаат право на тоа, вели Џафери и додаде дека до него се уште нема пристигнато никакво известување.

Ен Хатавеј доживеа непријатност во студио, водителот ја спаси (ВИДЕО)

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон.

Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of ​​You, наскоро на Prime Video. Таа ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е заснован на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Ен имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја изнесе книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Одговорот на публиката беше - целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недоволната реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси. Тој рече: „Не, ние тука не читаме“. Таа реченица ја прекина тензијата во студиото, а публиката и Ен се насмеаа.

„Ова е The Tonight Show. Одете кај Стивен Колбер ако сакате да имате луѓе кои читаат книги. Сиромашно. Тука сме на Audible, дали тоа се смета? тој додаде.

Ен беше неверојатно благодарна што Џими ја спаси. Тогаш Џими ѝ рекол на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен одговорила: „Што е книга?

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џими.

„Џими всушност беше одличен домаќин во оваа ситуација“, „Ова е всушност многу паметна шега“, „Фелон целосно ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се дел од коментарите.

Осигурителна компанија треба да плати милионска сума по уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија Chubb се подготвува да ѝ плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во март, објави денеска Wall Street Journal (WSJ).

Весникот наведува дека исплатата на компензацијата се очекува да биде одобрена за неколку недели, пренесе Ројтерс.

Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте за уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурениците 4 милијарди долари, што е рекордна исплата за транспорт.

При уривањето на мостот во Балтимор шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот долг 2,4 километри, поради што се урнала целата структура.

Осигурителната компанија Чаб, заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите во несреќата, најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува WSJ.

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме

Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија.

Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.

По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија.


притисни ентер