Беса и Алијансата за Албанците ќе бараат поголеми права за Албанците

Дали со отворањето на Уставот, за имплементација на договорот од Преспа, се отвори и вратата за дополнителни уставни промени. 

Дел од албанските партии најавуваат амандмани, за подобрување на употребата на албанскиот јазик во земјава. Во процесот за предлог амандмани, ќе учествуваат Алијанса на Албанците и Беса на Касами. Лидерот на Алијансата Зијан Села, ги повика сите пратеници, да ги поддржат амандманите, за како што рече, по демократско и мултиетничко општество.

На иста линија и Фадил Зендели, вели сега е моментот за унапредување на правата на Албанците. Беса на Касами ќе интервенира со 4 амандмани, со два за подобрување на употребата на албанскиот јазик, еден за промена на преамбулата и еден во делот за уставните надлежности на претседателот на државата. На тој начин, велат дека ќе се исправат неправдите и ќе се воведе концептот на граѓанска држава

Тонско: Фадил Зендели – Беса на Касами 2.20 – 3.00

Предлог амандманите треба да ги разгледа законодавно-правната комисија и комисијата за уставни прашања, па да се најдат на пленарна седница.

Евентуалната конечна одлука за усвојување на амандманите, треба да биде донесена со 2/3 мнозинство или с гласовите од најмалку 80 пратеници. За усвојување на амандманите за Преамбулата пак, освен 2/3 мнозинство, потребно е и бадентерово мнозинство.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер