Кои се собраниските процедури и рокови за промена на Уставот?

Синоќешното гласање е само првиот чекор во процедурата за промена на Уставот.Дефинитивно исполнувањето на условите од преспанскиот Договор ќе трае неколку месеци, во кои ќе има уште гласања за кои ќе треба двотретинско мнозинство. 

Подготовка и утврдување на нацрт-амандманите е следната фаза од долгиот процес на менување на Уставот, која следува по синоќешната одлука на 80те пратеници кои дадоа зелено светло за пристапување кон негова промена. 15 дена е рокот за нивното доставување во Собранието, но според вчерашните најави на премеирот Заев дека нема да штедат на денови, се очекуа тоа да се случи многу порано од крајниот рок.

По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии. Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Во оваа фаза, претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, па теоретски оваа фаза би можела да заврши побрзо од максимално дозволените рокови. По утврдувањето за нацрт-амандманите, за што се потребни 61 пратенички глас, тие одат на јавна дискусија, што претставува една меѓуфаза пред третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот. Одлука за усвојување на амандманите, за која зелено светло повторно ќе треба да дадат најмалку 80 пратеници, а за амандманот на преамбулата потребно и Бадентерово мнозинство, следува по исцрпувањето на јавната дискусија, чие времетраење го утврдува Собранието при усвојување на нацрт-амандманите. 30 дена повторно треба да поминат од моментот на доставување на предлог-измените до одржувањето на пленарната седница, по што ќе следува и завршната фаза - постапка за донесување на уставен закон за спроведување на Уставот. Конечната одлука за промена на највисокиот правен акт – Уставот на Република Македонија, се носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на трите фази, најоптимистичката варијанта е дека уставните измени ќе бидат усвоени кон средината на јануари.

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер