Цаца Николовска: Повикот за помирување од Заев не значи повик за амнестија

Се уште е неизвесно дали деновиве ќе се комплетира парламентарниот состав и дали од куќен притвор ќе излезе Крсто Мукоски последниот пратеник кој е обвинет за настаните за 27ми април, а се наоѓа во притвор.

Пред два дена со висока парична гаранција од куќен притвор излегоа претениците Љубен Аранудов и Сашо Василевски кои исто така се обвинети во овој предмет.

Од судот велат дека барањето на Мукоски да излезе од куќен притвор вчера било испратено на мислење во Основното јавно обвинителство. Дел од медиумите денеска пушуваат дека обвинителството нема да даде зелено светло тој да излезе од притвор, но за тоа нема потврда од обвинителството. Но, последниот збор дали на Мукоски ќе му бидат определени мерки на претпазливост ќе го даде скопскиот Кривичен суд.

Одлуките на судот доаѓаат во денови кога е актуелна дебатата дали е можна амнестија за настаните во Собранието на 27ми април. Премиерот Заев денеска рече дека одлуките ги носи судот самостојно но сепак нему му е драго што сепак се укинуават притворите.

Поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека не била понудена амнестија каква што некои сакаат да ја прикажат, ниту пак таква амнестија може да се понуди во Парламент од страна на премиер.

Таа вели дека прашањето за помирување повеќе го смета како прашање дека сите треба да се освестиме во каква состојба се наоѓа Македонија, и дека ако не се помириме во насока да оцениме кои се вредностите на една држава нема да одиме напред.

“Граѓаните се толку веќе збунети, барем со оние кои јас се среќавам, да едноставно не можат сами да остварат некаква оценка за тоа што се случува. Еден ден слушаат едно, друг ден друго. Обврска повторно ќе кажам на сите политички партии е да ги следат насоките кои ќе ја доведат државата а со тоа и граѓаните за едно поквалитетно живеење. ЕУ и НАТО на сите им е предизвик, сите се за ЕУ и НАТО , ама ако може да влеземе без обврските кои ги знаеме и кои што на некој начин сме ги преземале.” – изјави Маргарита Цаца Николовска.

Судењето за настаните во Собранието треба да продолжи во понеделник. На последното рочиште, кое се одржа вчера зад затворени врати без присуство на јавноста беше сослушуван загрозен сведок.

Засадени 15 дрвца во чест на работниците кои минатата година загинале на работните места

15 садници за петнаесет загинати работници минатата година на своето работно место, вака Македонското здружение за заштита при работа го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.

„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.

„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

притисни ентер