Што сакаше да каже премиерот Заев во врска со 27 април? - Канал 5

Што сакаше да каже премиерот Заев во врска со 27 април?

Што сакаше да каже премиерот Зоран Заев, со пораката за помирува и простување за настаните од 27-ми април.

Што сакаше да каже премиерот Заев во врска со 27 април?

Од собраниската говорница, македонскиот премиер ги повика пратениците од опозицијата да си подадат рака и да гласат за уставните измени.

Во говорот Заев кажа дека сега е моментот за такво нешто, но и дека е подготвен да ја плати политичката цена.

Заев и неговите соработници претходно во повеќе наврати истакнуваа дека амнестија за настаните од крвавиот четврток нема да има.

Истата порака Заев ја упати и на годишнината од крвавите настани, во прес центарот на собранието. Дел од аналитичарите, обраќањето на премиерот го толкуваат единствено како понуда кон опозицијата, да се договорат и да ги изгласаат уставните измени.

На социјалните мрежи, се огласи и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Подавањето рака, како што напиша тој, не значи амнестија, туку човечка особина и големина.

За настаните од 27 април обвинети се 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Меѓу обвинетите се и петмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредени

Најмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и неговата околина во текот на изминатата недела. 

Видео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредени

Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски објекти низ главниот град и регионот, пренесува „Киев пост“.

Државната служба за вонредни состојби (SES) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои во регионот на Киев загинале 14 лица, а 27 биле повредени.

Во самиот град Киев, едно лице го загубило животот, додека 24 биле ранети. Дописниците на „Киев пост“ известија од различни делови на градот дека во рок од околу дваесет минути се слушнале повеќе од 30 експлозии.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 143 ракети и беспилотни летала. Нападот вклучувал 24 балистички ракети „Искандер-М“/„С-400“, четири противбродски ракети „Циркон“/„Оникс“ и 115 напаѓачки беспилотни летала „Шахед“, како и беспилотни летала користени како мамци. Главна цел на нападот било поширокото подрачје на Киев.

Украинската противвоздушна одбрана соборила или електронски попречила 98 беспилотни летала. Сепак, ниту една од 28-те лансирани ракети не била пресретната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време чекање за излез е околу 30мин, за влез околу 15мин, на другите граничните премини од Македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Продолжува топлотниот бран, денес сончево со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер