Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери
2Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери
Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаГерманија подготвува нов закон за полесно вработување на странци Земјите од Западна Европа се соочуваат со состојбата стареење на населението и намалување на квалификувани работници. Германија за да го спаси системот е во процедура на носење на нов закон за вработување пред се странски државјани. Законот треба да го олесни доаѓањето на странски работници во Германија, каде се потребни 440 илјади обучени работници секоја година, Дојче Веле. Бизнис заедницата со совети до владата да не поставува високи критериуми во законот во однос на познавањето на јазикот и квалификациите за законот да биде успешен. Со новиот закон освен оние со високо образование ќе може и со без високо образование да им биде дозволен престој од 6 месеци во Германија со цел да најдат работа. И агенциите во Македонија што посредуваат за работа велат дека строгите критериуми стануваат пофлексибилни во однос на заминување за работа. Во условите за пријавување стои дека: е потребно минимално познавање на германскиот јазик и веќе важечки е и македонскиот пасош, освен пасошите на земјите челенки на Европската унија. Најмногу се бараат работници од услужниот сектор саатницата се движи од 8.5 евра бруто по изработен час,а вообичаено се работи помеѓу 35 и 40 часови во зависност до самиот договор што трае и 12 месеци. Дали со флексибилниот закон Македонија ќе остане и без добрите мајстори, водоводџии, молери. Пред само неколку дена и германскиот амбасадор во Македонија потврди дека од 80 до 100 граѓани во Македонија дневно се одлучуваат да бараат работна виза во Германија. „Политичката ситуација игра многу значајна улога, зашто не станува збор само за економско прашање, за пари, туку на луѓето им се потребни и правната безбедност и стабилност за да можат да се вратат. Не сакаме да работиме само во насока сите оние кои знаат јазик да ја напуштат земјата, туку би сакале да има и такви кои ќе се вратат овде. Тоа е нашата заедничка цел“, рече амбасадорот Герберих. Во Германија живеат околу 100 илјади Македонци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневмеИранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска пред Генералното собрание на ОН дека неговиот народ е „жртва на тероризмот“ на Соединетите Американски Држави. Говорот го одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека може да ја „уништи“ Исламската Република, пишува АП. Пезешкијан покажа фотографии од починатиот врховен водач Али Хамнеи и повеќе од 150 училишни деца кои загинаа во првите денови од војната. „Ние само се браневме. Ние не сме терористи“, рече Пезешкијан на Генералното собрание. „Нашиот невин народ беше цел на кукавички напади и агресија што ѝ беше наметната на нашата земја. Се браневме со сите сили. Америка и Израел не нападнаа. Тие не погодија, но ние не попуштивме“, опиша иранскиот претседател. Техеран ја омаловажи важноста на состанокот Пезешкијан, кој важи за умерен во иранските политички кругови, пристигна во Њујорк во услови на засилени безбедносни мерки. Тој им се обрати на светските лидери еден ден откако Доналд Трамп од истата говорница рече дека може да го „уништи“ Иран доколку наскоро не се постигне договор за ставање крај на војната која трае речиси седум месеци. Неколку часа подоцна, Трамп им потврди на новинарите дека неговите главни пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се состанале со иранските власти на маргините на годишната сесија. Средбата траела околу три часа, но Трамп не соопштил многу детали за текот и содржината на разговорот. „Тоа беше многу добар состанок“, рече Трамп. Државниот секретар Марко Рубио вчера изјави дека Трамп е отворен за средба со Пезешкијан додека е во Њујорк. Техеран ја омаловажи важноста на ненајавениот состанок. Тоа беа први индиректни разговори меѓу американски и ирански официјални претставници по пропаѓањето на примирјето во јуни. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги повтори преговарачките позиции на неговата земја и побара од Вашингтон да ја прекине блокадата на иранските пристаништа и да ги одмрзне иранските средства. Багаи рече дека разговорите, кои беа водени индиректно преку катарски посредници, „не се ништо ново“. Преговори без решение Пезешкијан ќе има можност подетално да ја објасни позицијата на Техеран по повеќе од една година прекинати разговори меѓу Иран и неговите долгогодишни противници, кои не успеаја да постигнат траен договор. Неговиот говор доаѓа во време кога нападите во Ормускиот теснец, долж брегот на Иран, продолжуваат да се случуваат повремено, додека комерцијалниот поморски сообраќај е сè уште послаб отколку пред војната. Неговото обраќање минатата година дојде неколку месеци по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран. Многу од највисоките воени и политички лидери на Исламската Република беа убиени во конфликтот, кој повторно ги прекина неколкунеделните преговори со Соединетите држави. „Дами и господа, сите бевте сведоци дека минатиот јуни мојата земја беше изложена на дива агресија и јасно кршење на најосновните принципи на меѓународното право“, рече тогаш Пезешкијан.Тагови: иранскиот претседател ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнериПремиерот Христијан Мицкоски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Остварив средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на која разговаравме за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди. Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, објави Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ТехнологијаЗавршни подготовки: „Tesla“ започнува со масовно производство на хуманоидниот робот„Tesla“ започна со процена на добавувачи во кинескиот регион на делтата на реката Јангце, како дел од подготовките за масовно производство на својот хуманоиден робот, „Optimus“.Минатата недела, тимот на „Tesla“ задолжен за хуманоидниот робот започна со инспекција на фабриките на компаниите што произведуваат клучни електромеханички компоненти за „Tesla“ – вклучувајќи модули за зглобови, актуатори и прецизни структурни делови. Според „CnEVPost“, повикувајќи се на извори запознаени со синџирот на снабдување, неколку кинески добавувачи веќе добиле нарачки за компоненти за „Optimus“; се очекува производството да започне набрзо откако тие ќе ги поминат проверките за квалитет и усогласеност на производните линии. Покрај во Нингбо, инспекции се спроведуваат и во Хангџоу, Шангај и други делови од делтата на Јангце, при што повеќето од компаниите веќе соработуваат со „Tesla“ како добавувачи за производство на автомобили. „Optimus“ од третата генерација Моделот предвиден за масовно производство е „Optimus“ од третата генерација, што претставува прва верзија на роботот на „Tesla“ дизајнирана специјално за сериско производство. Според достапните информации, новата генерација се одликува со значителни подобрувања на механизмот на раката и на актуаторите за зглобови. Првично, тој е наменет за индустриски примени, како што се ракување со материјали и едноставни задачи на производната линија. „Tesla“ ја пренамени поранешната производна линија за моделите „Model S“ и „Model X“ во својата фабрика во Фремонт, Калифорнија, за производство на „Optimus“, со цел да постигне годишен капацитет од еден милион роботи. Компанијата исто така подготвува втора производна линија во својот погон во Тексас – за кој се предвидува долгорочен капацитет од 10 милиони единици годишно – а се очекува производството да започне околу летото следната година. Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, претходно изјави дека масовното производство на хуманоидниот робот е „најпредизвикувачкиот производ за зголемување на производство“ што компанијата некогаш го создала, а истовремено оцени дека најголемата конкуренција за „Tesla“ во областа на хуманоидните роботи ќе дојде од Кина. Извор: Б92Тагови: тесла хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter