Македонската репрезентација утре одбележува 25 години од првиот натпревар во историјата, а капитенот очекува јубилејот да биде прославен со нова победа.
- Одбележуваме 25 години репрезентативен фудбал и големиот јубилеј се надеваме дека ќе го прославиме со победа. Атмосферата во репрезентацијата никогаш не била подобра, владее големо другарство во тимот. Се надеваме дека и публиката ќе дојде во поголем број отколку на претходниот меч и ќе се создаде добар амбиент кој ќе не понесе кон нова победа, истакна капитенот на македонската репрезентација.
Пандев, кој освои многу трофеи на клупски план, меѓу кои и најголемата титула во Лигата на шампионите, наведе дека негов неостварен сон останува пласман на големо натпреварување со македонската репрезентација.
- Успех со репрезентацијата е мој неостварен сон и се надевам дека сега ќе го остварам. Освоив многу трофеи во кариерата на клупски план, ама би ги заменил за пласман на македонската репрезентација. Тоа е е нешто посебно. Се надевам дека сега преку овие квалификации ќе го оствариме тоа и дека ќе ја израдуваме цела Македонија со пласман на ЕП 2020, наведе Пандев.
Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утревечер (сабота) од 20:45 часот на арената „Филип Втори“