Видео: Мајмун вози автобус!!

Возач на автобус од Индија е суспендиран откако дозволи мајмун да го вози неговиот автобус во кој имало 30 патници.

Очевидци на настанот велат дека немирното животно во автобусот влегло со еден од патниците  и веднаш започнало да го „вози “ автобусот.

Во видеото може да се види дека возачот сепак, со една рака за целото време го придржувал воланот , кој е во рацете на неговиот „колега“.

Несекојдневниот настан предизвикал реакција од раководството на фирмата чии е автобусот која веднаш го суспендирала возачот  поради загрозување на безбедноста на патниците.

Падот на побарувачката ги затвора германските фабрики на Форд

Производителот на автомобили , Форд ќе го прекине производството на неколку модели, со затворање на фабриката во Германија.

Поради смената на трендот при купувањето автомобили , од семејсни моноволумени на кросовери и спортско – урбани возила , Форд целосно го укинува производството на ,,обични “ автомобили. Веќе нема да се произведуваат моделите C-Max и Grand C-Max кои заедно со Focus се произведуваат во германското гратче Сарлуис.

Според германските медиуми , од вкупно 6 190 работници , 1600 ќе добијат отказ . Се претпоставува дека фабриката ќе воведе само една смена. Следни за укинување најверојатно ќе бидат моделите S-Max и Galaxy, додека малиот B-Max  веќе не се произведува и на неговото место доаѓа EcoSport.

Форд во третиот квартал годинава во Европа оствари минус од околу четврт милијарда евра , што е за пет пати повеќе од истиот период минатата година.

Што и се случило на актерката Кејти Холмс ? (ФОТО)

Познатата холивудска актерка е снимена во Њујорк , каде шета по улиците со размачкана шминка и во нечист стар капут.

Иако Кејти Холмс е позната по тоа дека во слободното време се облекува и изгледа запуштено , сепак ги изненади своите фанови со фотографиите направени оваа недела во Њујорк.

Таа изгледа целосно исцрпено , додека во вторникот наутро излегува од такси. Носи чаша со кафе , нема фризура , со размачкана шминка и со подочници.

Кејти е облечена во тренерка и со стар капут , кој има дамки на грбот. Актерката се врати во Њујорк , откако последните неколку месеци ги помина во Њу Орлеанс , каде изнајми куќа со момчето Џејми Фокс , а таму заедно снимале филм.

Се шпекулира дека по петгодишната врска, планираат зимска венчавка во Париз.

притисни ентер