Огромна дупка во тротоарот ,,проголта” четири лица- младенци и татко со син (ВИДЕО)

Четири лица загинаа во Кина , кога наеднаш се создаде огромна дупка на тротоарот и едноставно ги ,,проголта” .

Четворица пешаци загинаа во градот Дажоу , во провинцијата Сечуан , кога ги проголта огромна дупка. Двајца од загинатите биле младоженци , кои се венчале неколку дена пред несреќата.

Другите две жртви биле татко и син. Нивните тела биле најдени на длабочина од 10 метри. Спасувачите имале големи проблеми да дојдат до телата на загонатите , бидејќи опремата можела да достигне до осум метри.

Во акцијата за спасување биле вклучени 40 пожарникари . Не се знае што можело да предизвика такво нагло пропаѓање на земјиштето , со што се формирала дупка со отвор од 10 квадратни метри.

,,Убив цело семејство павијани” – ловец предизвика ужас (ВИДЕО)

Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо , Блејк Фишер , предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка.

Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов , како на пример со десетина мајмуни , павијани , со кои позира . Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни , па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи.

Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак , реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер.

Најстрашна од сите фотографии , која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани , каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела , а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните.

,, Убив цело семејство павијани” , се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук.

Плејбој зајачица од Бразил ја збудале Калифорнија (ФОТО)

Сите останаа со отворена уста , a сообраќајот запре , откако полугола се прошета манекенката Ана Брага .

Мајката и бабата на Бразилката Ана Брага се натпреварувале за мис , така што Ана со право се појави на неколку насловни страници на култниот Плејбој. 36 годишниот модел го привлекува вниманието каде и да се појави.

Во гратчето Калабасас во Калифорнија буквално го запре сообраќајот , кога на улица се појави со провокативна маичка.

Таа тргна на утринско кафе , а направи хаос со маичката под која не носеше градник.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

За негативните критики Ана вели: ,, Едноставно ги игнорирам , а оние на моите профили на социјалните мрежи едноставно ги бришам, додека нивните автори ги блокирам. За таквите луѓе имам посебна мантра- Не можете и нема да ме сопрете. Никој не може да ми ја затвори вратата , која Господ ми ја отворил.” , изјави убавата Бразилка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Good morning!

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

Вработените ги третират како стока – компанијата Ryanair подоцна се извини

Вработените ги третираат како стока , исто како и патниците. Ова беа најчестите коментари на социјалните мрежи , откако на Твитер беше објавена фотографија како екипаж на авион спие на под.

Фотографијата објавена на Твитер , на која се гледа како стјуардесите и пилотите на авионите на Рајанер спијат на под во канцеларијата на авиокомпанијата во Малага Шпанија , предизвика жестоки реакции.

Поради лоши временски услови , привремено биле приземјени авионите, а шестмината членови на екипажот ноќта ја поминале на подот на канцеларијата , без душек и перници. Станува збор за екипаж на авионот Ryanair 737 , со седиште во Португалија.

По жестоките реакции , се огласи и оперативниот шеф на компанијата, Петер Белев , кој потврди дека вработените спиеле на под и се извини што не можеле да им најдат сместување.

,,За жал , сите хотели беа резервирани. Невремето направи многу штета во Португалија. Подоцна екипажот доби ВИП сместување . Им се извинуваме на вработените”, напиша шефот на Ryanair.  

,, Исто вака ги третираат патниците. Ништо ново. Ги третираат вработените како стока”, се само дел од коментарите на фотографијата.

притисни ентер