Собранието го чека предлогот од Владата за уставни измени, но и распуштањето е на маса

 Во Собранието се уште не е јасно за кога би можело да биде закажана комисиска расправа за Предлогот за пристапување кон уставни измени што денеска е на вонредна седница на Владата.

Информациите од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери кој воедно е и претседател на Комисијата за уставни прашања се дека седницата на Комисијата и пленарната седица за пристапување кон уставни измени ќе бидат закажани веднаш штом предлогот пристигне во архивата на Парламентот, а се очекува тоа најрано да биде утре изутрина.

Она што се знае врз основа на Деловникот за работа на Собранието е дека Комисијата за уставни прашања има рок од 10 дена да расправа за предлогот за пристапување кон уставни измени и дека расправата на пратениците за време на претресот на Комисијата е ограничена.

Иако Владата попладнево ќе расправа за предлог за пристапување кон уставни измени, пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието тврдат дека се уште нема мнозинство гласови за носење на уставните измени со што би се избегнале нови предвремени праламентарни избори.

Паралелно во Собранието ќе се одвиваат и комисиските седници во контекст на подготовка на пленарната седница закажана за 15 октомври. Овој датум се посочува како можен за распуштање на Парламентот доколку се покаже дека навистина нема мнозинство за уставни измени. Сепак, ако Владата сака, како што веќе предложи премиерот Зоран Заев, предвремените избори да се одржат на 25 ноември, Парламентот треба да се самораспушти в среда, 10 октомври. Секое одлагање на распуштањето на Парламентот со надеж дека ќе успеат разговорите меѓу пратениците за постигнување на мнозинство за уставни измени, како што велат во Собранието, значи и одлагање на датумот за предвремени избори за 2 или 9 декември

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

притисни ентер