ДИК : Излезноста до 17 часот 28,83% , гласале 455 771 граѓани

Претседателот на Државната изборна комисија , Оливер Деркоски информира дека на 87,25% обработен материјал , излезноста е 28,83 % од гласачите.

До 17 часот гласале 455 771 гласач , потенцира деркоски . Меѓу општините со најголема излезност е центар со 40,87% излезност , како и Сарај каде гласале 54,21 процент од граѓаните.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

Украина објави снимка од купишта уништени руски тенкови: Пат до пеколот (ВИДЕО)

Украина објави видео на кое се гледаат 42 уништени руски тенкови и оклопни возила во источен Доњецк.

Таму се водат жестоки борби, пишува Newsweek.

Снимката од воздух ја објави украинското Министерство за одбрана. Видеото е снимено од 58 моторизирана бригада. „Патот до пеколот. Десетици руски тенкови и борбени возила се уништени на мал дел од линијата на фронтот во регионот на Доњецк“, соопшти Министерството.

Не е јасно кога точно е направена снимката. „Њузвик“ контактирал и со руското Министерство за одбрана, но немало никаков одговор.

Холандската платформа Орикс, која од самиот почеток ги следи воените загуби, тврди дека Русија изгубила 2.948 тенкови од почетокот на конфликтот. Исто така, Орикс има визуелна потврда за загубата на 797 украински тенкови.

Сиљановска-Давкова: Благодарност до Максим Димитриевски за поддршката за вториот круг

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка за вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседателка на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по повод јавно изјавената поддршка од нејзиниот противкандидат од првиот круг, претседателот на партијата "Знам" и градоначалник на Куманов, Максим Димитриевски, за вториот круг од претседателските избори:

„Му благодарам на претеседателот на „ЗНАМ“, Максим Димитриевски (@m_dimitievski), за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи. Не ја заборавам. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен поттикнувачки и одговорен политички чекор“.

притисни ентер