Османи: Денешниот ден го чекавме 15 години

,,Ова е историски момент за нашата земја, и за мене вистинска чест како главен преговарач, да го одбележам почетокот на Скрининг процесот, како финална етапа во подготовката за преговори за полноправно членство во Европската Унија."

Ова е историски момент за нашата земја, и за мене вистинска чест како главен преговарач, да го одбележам почетокот на Скрининг процесот, како финална етапа во подготовката за преговори за полноправно членство во Европската Унија, истакна вицепремиерот Бујар Османи на формалното означување на стартот на подготвителната работа за преговори за членство помеѓу Македонија и ЕУ.

Османи посочи на историјатот на приближувањето на Македонија кон Унијата, почнувајќи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација во 2001, преку кандидатскиот статус во 2005 година, па се до првата препорака од страна на Комисијата во 2009 година.

- Европската и евроатлантската ориентација на земјата претставува точката на обединување на нашето општество уште од самата независност, а во процесот на приближување кон ЕУ, неповратно се вградени сите претходни влади, пренесувајќи ги интересите на земјата на своите наследници, кои продолжуваат онаму каде нивните претходници застанале, истакна Османи.

Тој ја нагласи и пошироката инклузивност во рамките на овој процес, упатувајќи благодарност и до администрацијата, граѓанскиот сектор, експертската јавност...

- Нам ни е јасно дека започнуваме комплексен процес, кој ќе се одвива во повеќе фази, во кој илјадници страници на т.н. 'Аки' (Acquis), треба да бидат транспонирани во македонското законодавство, но дозволете да ве уварам дека мотивацијата и ентузијазмот меѓу администрацијата, граѓанскиот сектор, претставниците на бизнисот, но и воопшто кај граѓаните, од напредокот во евроинтеграциите е на исклучително високо ниво. Ве уверувам дека ние сме подготвени да се справиме со овој предизвик, истакна Османи.

Потсети дека административната структура, успешно ги имплементираше обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а се потготвува и за процесот на преговори.

Османи ги претстави трите траектории по кои Владата, но и целата држава ќе се движат во рамките на евроинтегративните процеси.

- Државата паралелно ќе се посвети на имплементација на договорите за добрососедство со Бугарија и Грција, ќе го задржи реформскиот моментум за исполнување на забелешките и насоките на заклучоците од јунските совети, како и цврсти и бескомромисно ќе влезе во исполнување на обврските од објаснувачкиот скрининг, подготвувајќи се со тоа, на сите три полиња паралелно, за почеток на преговорите во јуни следната година, истакна Османи, посочувајќи на историскиот момент за одлука - „шанса која оваа генерација не смее да ја пропушти“.

Обраќања до присутните имаа и министерката за правда Рената Дескоска, како и директорот на Директоратот за проширување на Европската Унија, Кристијан Даниелсон и други претставници на Европската Комисија.

Работната средба на која Европската Комисија ја презентира анализата на поглавјето 23 - правосудство и фундаментални права, за Република Македонија продолжува низ текот на целиот ден, а според агендата, работната група ќе продолжи со работа и во текот на утрешниот ден, кога се очекува да им се приклучи и еврокомесарот за проширување - Јоханес Хан./MИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер