Даниелсон за скринингот: Почеток на најинтензивниот ангажман во нашата долга врска

Генералниот директор за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, денеска во Брисел официјално го означи стартот на подготовките за преговори за членство на Република Макеоднија во Европската Унија.

Даниелсон пред двата преговорачки тима од Албанија и Македонија изјави дека денеска е “почеток на најинтензивниот ангажман во нашата долга врска“.

- Нашите експерти ќе ја објаснат должината и длабочината на европското заедничко законодавство (acquis communautaire), правилата на ЕУ, рече Даниелсон.

Овие два дена македонскиот и албанскиот преговарачки тим ќе ги слушаат експертите од Европската Комисија како им го образложуваат целокупното законодавство и најдобри практики во областа на правдата и фундаменталните права. Во следната една година ќе се одржат уште 32 вакви состаноци за секое поглавје од преговарачкиот процес, што вкупно ги има 33, или 160 илјади страници европски закони и правила што ќе мора да се преточат во домашното законодавство.

Тимовите ќе имаат уште седумдесет вакви состаноци, истакна Даниелсон.

-Мора да има заедничко разбирање за тоа што се правилата на ЕУ за да се подготвите за идното членство, изјави директорот.

Даниелсон посочи дека состанокот за денешното поглавје 23 е фундаментално, не само поради тоа што е тоа новата преговарачка методологија на Европската комисија со новите земји кандидати, туку дека токму реформите поврзани за правдата и владеењето на правото се условите поставени од Советот на ЕУ за ефикасно почнување на преговорите со ЕУ во јуни 2019.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер